3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
Други спортовиСе обидел да украде автомобил од УФЦ борач, не поминал добро (ВИДЕО)Американскиот ММА борец Џордан Вилијамс објавил снимка од бензинска пумпа на својот Инстаграм.Во видеото, Вилијамс влегува да ја плати сметката, додека крадец се обидува да му го украде автомобилот. Само што крадецот тргнал во рикверц, Вилијамс излегол. Потоа го извлекол од автомобилот и му задал неколку удари. "Некој се обиде да ми го украде автомобилот. Ако се прашувате зошто ми беше запален автомобилот, тоа е истата причина зошто крадецот не можеше да го однесе понатаму. Имам „push to start“ систем и мојот автомобил нема да стартува ако клучевите не се оддалечени метар и половина од автомобилот, а секогаш ги имам со себе. Не е неопходно да се каже дека ја научив лекцијата, и се надевам дека и тој. Исто така, знам дека го забележавте добриот стил на мојот удар иако требаше посилно да удрам во клинчот, но ќе се задоволам со тоа што го зачував автомобилот.. Ова може да биде добра реклама за нив “, напишал Вилијамс во објавата. Вилијамс во моментов има серија од два порази. Тој има девет победи и пет порази во УФЦ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и МолдавијаУнгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпадНа територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook