АвтомобилизамСе обидел да предизвика шлепер, не чекал долго на казната (ВИДЕО)Најновата снимка од лудорија на возач на автомобил не доаѓа ниту од Америка ниту од Русија, каде што ваквите настани се најбројни.Сега им се придружува Европа, каде што еден возач реши да си поигрува со возач на камионот при брзина од 90 км на час. Како што е вообичаено, решил да го предизвика, застанувајќи накусо и покажувајќи му дека не му дозволува да го помине во другата лента. Возачот на камионот му трепкал и свири со сирената , но попусто . Веќе по 15 секунди, доаѓа казната , бидејќи возачот на автомобилот закочил и се приближил премногу близу до камионот. Имаше неизбежен контакт во кој автомобилот заврши на крајната лента и, конечно, во банкината. Од видеото се гледа колку е опасно да се направи ваков вид маневар во возење, особено ако зад вас е возило со лоши сопирачки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година. Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан. Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“. #BreakingNews Typhoon Saudel has JUST made landfall in Zhejiang!🌧️Before the storm hit, Chinese and foreign volunteers joined forces to help warn local residents at Yancang Community near Ningbo’s Old Bund on Aug 27. French expat Samy, a community expat, shared his experience.… pic.twitter.com/5Jp7epqfkN — WowNingbo (@WowNingbo) August 28, 2026 Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“. Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени. Извор: Б92Тагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Македонија вечерва осум активни пожариВо Македонија до 18 часот се регистрани осум активни пожари, информираат од ЦУК. Во општина Сарај гори во селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.Пожар е активен и на подрачјето меѓу селото Трново во општина Гостивар и селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и поединечни дрвја. Пожар има и во селото Копанце во општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума. Во прилеп активни се три пожари – над касарната, кај старите гробишта, како и во селото Црнилиште.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета БогородицаВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници.Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност - вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за ближниот. Семејството, традицијата, верата и солидарноста се темелите врз кои градиме силна, достоинствена и просперитетна Македонија. Токму овие вредности не обединуваат и ни даваат сила со заедништво и одговорност да чекориме кон подобра иднина. Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба, и нека нe обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината. Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица! ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook