Се намалуваат цените на горивата- бензините за 1,50, дизелот за 2,50 денари - Канал 5

Се намалуваат цените на горивата- бензините за 1,50, дизелот за 2,50 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.

Се намалуваат цените на горивата- бензините за 1,50, дизелот за 2,50 денари

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 4,476%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165%.

Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,227 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,084 ден/кг и сега изнесува 49,227 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштуваат од РКЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон на трибините на Вимблдон?

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон е во центарот на вниманието овие денови откако се појавија шпекулации на социјалните мрежи дека суптилно ги задевала принцот Хари и Меган Маркл за време на нејзината посета на Вимблдон.

Кејт Мидлтон на трибините на Вимблдон?

Кејт Мидлтон присуствуваше на еден од мечевите на престижниот Грен слем во Лондон, каде што разговараше со посетителите и делеше билети за Вимблдон.

Сепак, вниманието на јавноста го привлече еден детаљ што некои интернет корисници веднаш го поврзаа со војводата и војвотката од Сасекс.

Имено, принцезата од Велс не седеше во кралската ложа, туку гледаше дел од мечевите меѓу другите гледачи на трибините, што многумина го протолкуваа како порака дека се чувствува безбедно меѓу луѓето.

- Кејт седи блиску до местото каде што луѓето можат безбедно да поминат без страв од безбедноста. Ова е идната кралица на Англија - напиша еден корисник на социјалните мрежи, објавува списанието OK!.

Набрзо се појавија бројни други коментари на социјалните мрежи.

- Во тоа е разликата. Кетрин не прави драма, за разлика од парот од другата страна на океанот, на кои им треба обезбедување насекаде, а истовремено сакаат да ја зачуваат својата приватност – гласеше еден од коментарите. Друг корисник додаде: - Таа исто така не го зафати просторот околу себе и го остави преминот слободен.

Прекрасна дама. Имаше и такви кои отидоа чекор понатаму.

-Не би се изненадил ако ова е суптилна порака, а искрено, ми се допаѓа – напиша друг корисник. Сепак, треба да се нагласи дека не постојат докази оти Кејт Мидлтон намерно сакала да испрати порака до Хари и Меган.

Тврдењата за наводно „тролање“ се засноваат исклучиво на толкувањата на корисниците на социјалните мрежи и одредени таблоиди, додека принцезата не ги коментираше овие наводи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бонга оди во Реал – 7,5 милиони евра!

Репрезенативецот на Германија, досегашниот член на Партизан, Исак Бонга ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид.

Бонга оди во Реал – 7,5 милиони евра!

Откако настапуваше во НБА за Лејкерс, Репторс и Визардс, Исак Бонга му се приклучи на Баерн Минхен, а потоа премина во белградски Партизан, под водство на Жељко Обрадовиќ.

Откако Партизан остана без најтрофејниот тренер во историјата на европската кошарка, Бонга одлучи истото лето да плати 700.000 евра, да ја активира откупната клаузула и да ја промени средината.

Според порталот „Енсестадо“ (Encestado), тој ќе остане во Европа и ќе потпише договор со Реал Мадрид. Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Бонга тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, што изнесува околу 2,5 милиони евра по сезона! Педро Мартинез се обиде да го доведе Бонга во Валенсија уште минатата сезона, но тоа тогаш не беше изводливо, па една година подоцна неговата желба ќе се оствари.

Инаку, Реал Мадрид имаше „опасна“ конкуренција во лицето на Панатинаикос и Барселона, но се чини дека сепак кралевите ја добиле битката за одличниот германски кошаркар.

Бонга има 26 години, а оваа сезона беше еден од најважните играчи на Партизан, како во одбраната, така и во нападот. Тој забележа просек од 9,9 поени, 5,6 скока и 1,5 асистенција во Евролигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните бои

Извини Кевин, но Бразил е во срцето. Убавата манекенка Изабела Гулар во мини-костим за капење во националните бои го освои светот.

Извини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните бои

Веќе две недели светот пулсира во ритамот на најважната споредна работа на светот фудбалот, „виновник“ за тоа е 23 Светски шампионат организаран во три држави, САД, Канада и мексико.

Вниманието на спортските фанови го привлекуваат и познати лица од светот на модата и забавата.

Меѓу нив е и бразилската манекенка Изабел Гулар, која не пропушта можност да ја бодри репрезентацијата на својата земја дури и за време на одморот.

Атрактивната убавица, која е во врска со германскиот голман Кевин Трап, објави неколку фотографии од одморот на социјалните мрежи.

На нив, таа позира во впечатливо бикини во боите на Бразил, додека во рацете го држи бразилското знаме, јасно покажувајќи за кого навива во големото фудбалско натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер