Се намалуваат бројките во Италија и Шпанија, САД ја очекуваат најцрната недела

Дека рестриктивните мерки сепак даваат резултати говорат најновите податоци од Италија и Шпанија.

Според последните информации во Италија во последните 24 часа починале уште 636 луѓе.  Вкупно во таа земја починале 16.523 лица заразени од коронавирус.

Во Шпанија денеска бројот на заразени и починати од коронавирусна инфекција продолжи да опаѓа.

Министерството за здравство соопшти дека во претходните 24 часа се регистрирани 637 нови смртни случаи, што е најмал број жртви за еден ден во однос на претходните 13, односно вкупно над 13.000 починати откако пандемијата ја погоди земјата.

Во меѓувреме, САД ја очекува најтешката недела од почетокот на пандемијата.  Претседателот Доналд Трамп очекува најголем број починати досега во текот на оваа недела.

САД  досега избројаа над 9 илјади починати, а заболени се околу 340 илјади лица. Велика Британија се бори со голем број на заболени, а од вчера во болница на интензивна нега е и премиерот Борис Џонсон.

притисни ентер