Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата
2Николоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата
Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
АвтомобилизамСе испијанил, па со Мицубиши завршил во базен на соседите (ФОТО)И полицајците биле шокирани од глетката.Како што е наведено во описот на настанот даден од полицијата во американскиот град Арлингтон, црвен автомобил завршил во базен откако ја пробил дрвената ограда со бетонска основа. Црвеното Мицубиши продолжило да се движи низ дворот, а потоа заврши во базенот и потона. Среќа во несреќа е што никој во моментот на несреќата не го користел базенот, па никој не е повреден. Возачот на автомобилот, за кого е утврдено дека е под дејство на алкохол, исто така поминал без повреди. Му била одземена возачката дозвола, а по отрезнувањето го чека судење и сигурно не мала казна. Yes this actually just happened. An impaired driver lost control in the 3500 block of S. Center Street and crashed through a backyard and into a swimming pool. No one was injured! Suspect arrested for DWI. #DontDrinkAndDrive pic.twitter.com/QwuKNJETDw — Arlington Police, TX (@ArlingtonPD) August 13, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонијао. Битола: Одбележан „11 Октомври“ – денот на народното востаниеДенес на големиот македонски празник „11 Октомври“ кој е симбол на македонската борба за слобода, во име на градоначалникот на Општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони претседателот на Советот Бојан Бојкоски.Пред споменикот на НОАВМ свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Општинскиот сојуз на борци, претставници на политичките партии, како и здруженија на граѓани, оддавајки им почит на сите народни херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. 11 октомври 1941 година е настан од клучен историски момент, односно синоним за отпорот на македонскиот народ, датум кој симболизира официјален почеток на Народноослободителната и антифашистичка војна. Тој е важен темел во борбата за самобитност и самостојност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски од Прилеп: 11 Октомври е денот кога македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата„Од овде, од Прилеп, сакам да го честитам 11 Октомври – денот кога македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата, кога се крена против најголемото зло што тогаш ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври- Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените, оддавајќи им почит на сите оние кои се бореле против фашизмот и придонеле за создавањето на македонската држава. По повод празникот, Николоски упати честитка до граѓаните на Македонија, истакнувајќи го историското значење на 11 Октомври и жртвата на македонскиот народ во борбата за слобода. „Од овде, од Прилеп, сакам да го честитам 11 Октомври – денот кога македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата, кога се крена против најголемото зло што тогаш ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот. Со својата жртва и со својот пример, покажа дека заслужува држава, заслужува слобода и дека е на страната на оние што ќе бидат победници во Втората светска војна“, порача Николоски. Тој нагласи дека жртвата на борците е длабоко вкоренета во создавањето на македонската држава и дека слободата во која денес живеат граѓаните е резултат на нивната пожртвуваност. „Таа жртва длабоко е вкоренета во создавањето на македонската држава, без таа жртва немаше да постои самостојна и независна Македонија, и без таа жртва денеска немаше да ги уживаме плодовите на слободата. Затоа треба да се потсетуваме на истата, и да не мислиме дека е нешто далечно, нешто што се случило одамна и нешто на кое треба да се потсетуваме само кога е годишнина, туку да се потсетуваме постојано, затоа што Македонија и денес е под силни напади. И денеска многумина не и' мислат добро на Македонија, и денеска се повампируваат одредени идеи, кои не значат самостојност и самобитност на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската нација, култура и македонската држава“, истакна Николоски. Во своето обраќање, тој посочи дека македонската држава има јасен политичко-правен и историски континуитет, нагласувајќи ја потребата од негово зачувување, при што, како што рече вицепремиерот, државата, но и сите ние мора да одолееме на сите предизвици коишто се случуваат, и на сите негирања и искривувања на историјата коишто некој сака да ги направи. Одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп, градот од каде што започна вооруженото востание во 1941 година, претставува потсетување на историското значење на борбата против фашизмот и на жртвата на генерациите кои се изборија за слободата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на ВинисиусПредводникот на кралевите од Мадрид, Жозе Мурињо не сакал да се појави на прес-конференцијата по натпреварот меѓу Реал и Виљареал.Реал Мадрид успеа да излезе како победник во дуелот со Виљареал во шпанското првенство (1:0). Единствениот гол го постигна Јан Диоманде, но во центарот на вниманието сепак бил Винисиус, кој предизвика скандал. Контроверзниот ас на Реал доби директен црвен картон бидејќи го повлече противникот за коса. Поради што, неговиот гол за водство од 2:0 беше поништен, бидејќи спорниот момент се случи за време на самата акција што доведе до погодокот. И не само тоа, Вини вербално го нападна судијата Кордеро Дијаз, кој му покажа црвен картон откако ја прегледа снимката по сугестија од ВАР-собата. 🚨🚨| The moment Vinicius pull the Villareal player’s hair. 😳 https://t.co/OZXg8G4jVr — Kalshi FC (@KalshiFC) October 10, 2026 Тука не заврши сè, бидејќи Жозе Мурињо дополнително ја влоши ситуацијата. Португалскиот стручњак одби да се појави на прес-конференцијата по натпреварот. Шпанските медиуми пренесуваат дека тој наводно изјавил оти „стравува дека ќе биде суспендиран доколку зборува“. Тоа би значело и дека би можел да го пропушти дербито против Барселона на 25 октомври. Токму тоа е натпреварот што би можел да го пропушти и Винисиус, доколку биде строго казнет за своето однесување. Ситуацијата во Реал Мадрид е, благо кажано, проблематична. Тие моментално се трети на табелата во Шпанија со 18 бода, шест помалку од Барселона, додека Атлетико Мадрид е пред нив со 19 бода. Тешкотиите продолжуваат и за Мурињо и за клубот...Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter