Се гледа ли крајот на 15- годишната соработка Диего Симеоне- Атлетико Мадрид? - Канал 5

Се гледа ли крајот на 15- годишната соработка Диего Симеоне- Атлетико Мадрид?

Според дел од шпанските медиуми, Диего Симеоне (55) би можел да биде отпуштен од тренерската позиција во Атлетико Мадрид. 

Се гледа ли крајот на 15- годишната соработка Диего Симеоне- Атлетико Мадрид?

Темпераметниот Чоло го презеде клубот во декември 2011 година и оттогаш е незаменлив на клупата на популарните „јорганџии“.

Во овие 15 години Симеоне постигна одлични резултати со клубот од Мадрид, вклучувајќи и две титули во Ла Лига пред Реал Мадрид и Барселона.

Според шпански Спорт, Атлетико ја разгледува иднината на Симеоне.

Аргентинецот има договор до 2027 година, но наводно е во затегнати односи со новиот спортски директор на клубот, Матеу Алемани. Атлетико е трет во Ла Лига, со десет бода зад лидерот Барселона, а во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите беше поразени од Боде/Глимт.

Поради што шпанскиот великан ќе мора да игра во плејофот за да влезе во нокаут фазата. Неодамнешната лоша форма и несогласувањата околу трансферите ја доведоа работата на Симеоне во опасност, тврди Спорт.

Чоло инаку е еден од најплатените тренери во Евроа, Аргентинецот на клупата на Атлетико Мадрид има годишна плата од 13 милиони евра.

Алемани наводно веќе го започнал процесот на барање потенцијален наследник на Симеоне, а Андони Ираола од Борнмут е негова главна цел.

Симеоне е лидер на клубот со години. За време на неговиот мандат, Атлетико двапати ја освои Ла Лига, двапати Лигата на Европа, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија. Тој е исто така двократен победник на Суперкупот на УЕФА и играл во две финалиња на Лигата на шампионите.

Симеоне инаку, четири пати беше прогласен за тренер на годината во Ла Лига, а како тренер на Јорганџиите има скор од 457 победи, 166 нерешени и 149 порази на 772 натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачка во секси бикини кое едвај ги покри силиконите

Атрактивната и популарна пејачка Сандра Африка уште еднаш ја оправда титулата на една од најубавите српски пејачки и буквално ги вжешти социјалните мрежи со својата најнова објава.

Фото:  Пејачка во секси бикини кое едвај ги покри силиконите

Сексапилната пејачка ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со провокативно селфи од луксузната јахта на која ужива во жешките летни денови.

Во преден план на фотките секако е нејзиниот провокативен црн костим за капење со необични отвори и ленти, кој совршено ги истакна нејзините силикони и извајана фигура.

Сандра го комплетираше целиот морски изглед со брендирани очила за сонце, лента за коса со украс и впечатливи обетки во форма на морска ѕвезда.

Сандра инаку редовни ги воодушевува своите фанови на социјалните мрежи со фотки на кое таа најчесто позира во минијатурно бикини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарната фотографија на Меси и бебето Јамал станува колекционерски примерок

Легендарните фотографии од времето кога најдобриот светски фудбалер Лео Меси го држи бебето Ламин во рацете добива специјално издание, откако нивната приказна повторно го освои светот.

Легендарната фотографија на Меси и бебето Јамал станува колекционерски примерок

„Topps“ го најави издавањето на специјална колекционерска картичка инспирирана од една од најпознатите фотографии во историјата на модерниот фудбал – моментот кога Лионел Меси во рацете го држеше тогаш уште бебето Ламин Јамал.

Фотографијата е направена за време на престојот на Меси во Барселона, како дел од хуманитарна кампања на УНИЦЕФ.

Она што првично претставуваше симпатичен промотивен момент, со текот на годините доби речиси филмска симболика, бидејќи момчето од фотографијата прерасна во една од најголемите млади ѕвезди на светскиот фудбал и стандарден првотимец на каталонскиот гигант.

Интересот за оваа фотографија нагло порасна по финалето на Светското првенство, во кое Јамал и шпанската репрезентација ги победија Меси и Аргентина со тесен резултат од 1:0.

Многумина го опишаа натпреварот како симболично предавање на палката, со оглед на тоа што лесно можеше да биде последен настап на 39-годишниот Аргентинец на светската сцена. Токму поради моќната приказна што ги поврзува овие две фудбалски епохи, компанијата „Topps“ одлучи да ја овековечи култната фотографија на ексклузивна колекционерска картичка, која сигурно ќе привлече големо внимание кај колекционерите и фудбалските фанови ширум светот.

Почнувајќи од 2031 година, Topps ќе стане и официјален партнер на ФИФА за производство на колекционерски сликички, преземајќи ја таа улога од реномираната компанија Panini по долги години.

Topps работи во рамките на Fanatics – компанија што во последниве години значително го проширува своето присуство на пазарот за спортски колекционерски предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан конечно седна на клупата на Франција

 Она што беше најавено уште во ноември, сега е официјално потврдено – Зинедин Зидан стана новиот селектор на Франција.

Зидан конечно седна на клупата на Франција

Оваа вест ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, откривајќи нешто што беше одамна познато, бидејќи Дешам веќе го беше најавил своето заминување од селекторската позиција по Светското првенство.

Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид го наследи Дидие Дешам на чело на „триколорите“, со што стави крај на една од најдолгите и најуспешните селекторски ери во модерниот фудбал. Дешам ја предводеше Франција 14 години.

Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, а со националниот тим ја освои и Лигата на нации во 2021 година.

Под негово водство, Французите играа во финалињата на Европското првенство во 2016 година и на Светското првенство во 2022 година, а стигнаа и до полуфиналињата на ЕУРО 2024 и на Светското првенство во 2026 година.

Зидан ја помина целата своја сениорска тренерска кариера во Реал Мадрид, кој го предводеше во два мандата. За време на првиот, од 2016 до 2018 година, освои три последователни титули во Лигата на шампионите, како и Ла Лига, шпанскиот Суперкуп, два Суперкупа на УЕФА и две Светски клупски првенства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер