Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ТехнологијаСе гаси SkypeСкајп објави дека ќе престане со работа во мај оваа година.Оваа популарна услуга за онлајн разговор и телефон, која е во сопственост на Мајкрософт, ги информира корисниците дека се гаси. „Почнувајќи од мај 2025 година, Skype повеќе нема да биде достапен. Во наредните денови, ќе можете да се најавите на Microsoft Teams Free користејќи ја вашата Skype сметка за да останете поврзани со сите ваши разговори и контакти. Ви благодариме што сте дел од нас и Skype“, објави Microsoft. Skype беше пионер во светот на онлајн комуникациите. Лансиран во 2003 година, тој брзо се здоби со популарност поради своите бесплатни повици, видео повици и можности за пораки. Го користеле милиони луѓе ширум светот, и за лични и за деловни цели. Skype влезе во историјата како една од првите алатки што овозможи едноставна и бесплатна комуникација меѓу луѓето на различни континенти. Иако денес има многу конкуренти на пазарот, како што се Zoom, WhatsApp и Microsoft Teams, Skype одамна е клучна алатка за онлајн разговори и деловни конференции. Со оглед на доминацијата на Microsoft Teams во деловниот и образовниот сектор, веројатно е дека Skype ја изгуби својата важност во контекст на понапредните технологии и интегрираните алатки. Microsoft одлучи да се фокусира на Teams како сеопфатна алатка за соработка, што го прави Skype застарен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Демократски сојуз: Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорностДемократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михајлова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле.Михајлова беше обвинета за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици, а со бегството стана недостапна за правосудните органи. Правдата мора да биде еднаква за сите, без привилегии и недопирливи поединци. Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници. Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. Мора да се испита и улогата на адвокатот, вклучително и неговите наводи за постоење помагачи, како и да се утврди како Михајлова успеала да побегне и покрај мерките за ограничување на движењето и одземените бугарски и македонски пасоши. Доколку се утврди дека адвокатот учествувал во организирањето или овозможувањето на бегството, бараме да понесе соодветна кривична одговорност, согласно законот. Адвокатската професија не смее да биде заштита за незаконски дејствија. Демократскиот сојуз бара транспарентна истрага, утврдување на институционалните пропусти и законска одговорност за сите инволвирани. Бегството не смее да значи избегнување на правдата, особено кога станува збор за обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица Четворица со тешки телесни повреди по масовна тепачка во село Баница струмичко. На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕвропаДва патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредениДва патнички автобуса се превртеле денес во Турција, а според локалните медиуми, има повредени лица. Пет лица се повредени денес во Турција откако минибус се превртел на патот Анталија-Испарта. Несреќата се случила околу 10:30 часот во близина на крстосницата Топали во областа Аксу, а причина за несреќата било масло истурено на коловозот, објави порталот „Ахабер“ (Ahaber). Екипите за итна помош што пристигнаа на местото на настанот им пружиле помош на повредените, а започната е и истрага за да се утврдат деталите за несреќата. Денес во Турција се случи уште една сообраќајна несреќа, во која патничко комбе се преврте и заврши во канал во Мерсин, при што беа повредени 17 лица, пренесува истиот турски портал. Во областа Силифке во Мерсин, на патот од Силифке кон Ѓулнар, патнички минибус излетал од патот и се превртел во канал поради лизгавиот коловоз предизвикан од дождот. Минибусот е отстранет од местото на настанот со помош на служба за влечење, а беше покрената и истрага за несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00