Се формира Коалиција за клима за поголемо учество на граѓаните во одлучувањето - Канал 5

Се формира Коалиција за клима за поголемо учество на граѓаните во одлучувањето

Граѓански организации кои работат на едукација и информирање за темите поврзани со клима почнаа со формирање Коалиција за клима, со цел зголемување на учество на граѓаните во носење на одлуки и мониторирање за спроведувањето на истите.

Се формира Коалиција за клима за поголемо учество на граѓаните во одлучувањето

Како што соопштија денеска од организацијата Еко-свест, климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но според нив, притисок од јавноста е многу потребен со цел носење на поамбициозни климатски политики како и обезбедување на финансии за спроведување на истите. Посочуваат дека се потребни силно информирани граѓани и поврзани граѓански организации кои ќе можат да делуваат брзо и заеднички.

-Почнуваме една убава приказна наречена граѓанска Коалиција за клима која се надеваме дека ќе расте и ќе ги опфати сите сектори во земјата, бидејќи климатските промени се интерсекторско прашање кое навлегува во сите сфери на општеството. Ваквата коалиција ни е повеќе од потребна сега кога опоравувањето од КОВИД-19 кризата треба да значи зелен развој и раст на „еколошка" економија, односно индустрија која нема да загадува и да прави штета. Заштита на здравјето и добросостојбата на граѓаните треба да биде приоритет и токму затоа одбравме на Светскиот ден за борба со опустинувањето и сушата да информираме за коалиција, рече Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест

Коалицијата за клима почнува со 11 членови – граѓански организации кои заедно работеа на стратешките документи на оваа коалиција и кои имаат значајно искуство во работење на теми поврзани со климатските промени.

-Мисијата на Коалицијата е локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура. Целта се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата. Визијата на Коалицијата е обезбедување квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот, истакна Кристина Бужароска од фондацијата ЦНВП и еден од основачите на новата Коалиција.

Како што посочуваат од Еко-свест, оваа Коалиција за клима е отворена за сите кои сметаат дека можат да придонесат на патот кон оваа еколошка транформација на нашето општество./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.09.2026 до 02.10.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Во понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. њоки

100 мл. павлака за готвење

5 - 6 сушени домати

1 чешне лук

малку пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска.

Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории.

По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“.

Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации.

„Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср.

„Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот.

Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер