Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
БалканСе евакуираат хотели на грчкиот остров Родос, пожарот и понатаму вон контролаПреку бројот 112 за итни случаи денеска беа испратени две пораки до жителите на вкупно четири села превентивно да се евакуираат, а медиумите пишуваат дека се евакуираат и два хотели.Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, според локалните медиуми, превентивно се евакуираат жителите и туристите од приморските областите Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос поради големиот пожар што веќе петти ден е вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи денеска беа испратени две пораки до жителите на вкупно четири села превентивно да се евакуираат, а медиумите пишуваат дека се евакуираат и два хотели. Според телевизијата ЕРТ, успешно биле спасени и пожарникарите заглавени во планински манастир, откако обидувајќи се да ги убедат монахињите да се евакуираат и да го напуштат манастирот ги опколиле огнените јазици и останале заглавени во подрумот. Локалните медиуми од Родос коментираат дека источниот дел од островот е поделен на пола, со оглед на тоа што се затворени патиштата. Дополнително поради пожарот што е во близина на трафостаница, од Грчкиот оператор за електродистрибуција соопштија дека ќе има наизменични превентивни прекини на електрична енергија во траење од еден час во различни делови на островот со цел да се обезбеди непречено функционирање на електроенергетскиот систем и упатија апел до жителите на островот да ја ограничат непотребната потрошувачка на електрична енергија. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос информираше дека активното жариште е во три области, а интервенираат 173 пожарникари со десет пешадиски тима, 35 возила, пет хеликоптери, три авиони, а како и пешадискиот тим од 31 пожарникар со пет возила од Словачка. Εκκένωση Κιοτάρι 📽️ 0.14 (fb Rhodes Rodos Ροδος 15:09, 22/7/2023 )#Ροδος #φωτιά pic.twitter.com/uu9tn2RrMo — antonis kelaidonis (@antonkelaidon) July 22, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПо 14 години Дарко Митревски повторно дома – со провокативен мастерклас на „Браќа Манаки“Македонскиот сценарист и режисер со „привремена“ американска адреса, оваа есен, барем накратко, се враќа дома во Македонија.На претстојниот интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки„ кој ќе се одржи од 19-ти до 25-ти септември во Битола, Дарко Митревски ќе гостува како предавач со провокативно насловен мастерклас: „Како да НЕ снимите здодевен филм?“. На нашиот најголем филмски фестивал, Митревски ќе сподели дел од неговите досегашни професионални искуства и неколку сценаристички „рецепти“ за помладите колеги. Мастеркласот „Како да НЕ снимите здодевен филм?„ е замислен како презентација на низа раскажувачки техники со кои писателите го пленат вниманието на публиката уште од времињата на античката драма, па се до епохата на современиот Холивуд. Или кажано со неговиот пргав вокабулар: „Во пишувањето филмски приказни не постои нешто што се вика недостиг на инспирација. Постои само незнаење и мрза, кои лесно можат да се победат доколку се поседува алатот и се знае занаетот.“, вели Митревски. На пошироката јавност Митревски и е познат како автор на двата најгледани македонски филма во историјата на македонската кинематографија: легендарната црна комедија „Балканкан„ со продадени 150.000 кино влезници и 20.000 ДВД копии, како и фудбалскиот еп „Трето полувреме„ кој во кино салите низ Македонија го видоа над 90.000 гледачи. Исто така е автор и на популарните ТВ серии „Уа, шнајдери!„ и „Досие Скопје„, како и креатор на низа музички видеа од златното време на македонската поп и рок музика. Неговите филмови настапуваа на стотина филмски фестивали: Московскиот филмски фестивал, лондонскиот Raindance, калифорнискиот Cinequest, шпанскиот Sitges, меѓународните фестивали во Стокхолм, Вашингтон, Рим, Минхен, Њујорк, Хелсинки, Мајами, Токио, Каиро, Палм Спрингс, Тромсо, Котбус, Киев, Атланта, Букурешт, Порторико, Загреб, Белград, Мотовун, Софија... Добитник е на низа награди во Америка, Европа и регионот. Во САД, Митревски потпиша договор за отстапување на правата за две свои сценарија, кои очекуваат реализација, а неодама во продукција на „Vinegar Syndrome“ излезе и луксузно блуреј ре-издание на неговиот првенец, „Збогум на дваесетиот век“, на кој Митревски е коавтор на сценариото и режијата, заедно со Александар Поповски. По 14 години отсуство Дарко пак се враќа дома. Се надеваме дека Македонија пак ќе му се израдува. Тагови: Дарко Митревски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет годиниРезулатите од учениците и мерките што ги превземаме нема да имаат одма резултати, тие ќе бидат за пет години. Она што е важно е да се продолжи со работа. Министерката во посета на училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром на прашање зошто училиштето браќа миладиновци не е реновирано воопшто откако две години во него учеа учениците од блаже конески додека целосно се реновираше, таа одговри сите ќе стигнат на ред. Од министерството за образование засега нема најава дека ќе има клими уреди во училиштата, учениците ќе се разладуваат со отворени прозорци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКаролина Гочева блесна во Марков за 35 години независностБел фустан, дизајн на Марков и Каролина Гочева – совршена модна комбинација!По повод прославата на 35 години Македонија на градскиот плоштад во Скопје, Македонската Кралица Каролина Гочева восхити во бело издание со потпис на дизајнерот Марков. Таа изгледаше беспрекорно стилизирана од Јована Зука, едноставен природен мејк-ап и фризура во Холивудски стил ја надоплнуваа впечатливата бела тоалета. Станува збор за дело на Марков, долг фустан со слим линија кој ја оцртува фигурата комплетиран од куса наметка со изразено рамо изработени со вез од кристали во златни мотиви. Како вистинска дива пеејќи рамо до рамо со светски познатиот тенор Хозе Карерас ја остави публиката без здив, а стајлингот беше надополнет со високи бели ракавици. Елегантно, маркантно и гламурозно модно издание на Каролина кое несомнено ќе биде запаметено. Тагови: Каролина Гочева Марков дизајн фустанот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07