Се асфалтира последната делница од стариот пат Виница – Делчево - Канал 5

Се асфалтира последната делница од стариот пат Виница – Делчево

Градежната механизација на јавното претпријатие „Македонија пат" денескака го почна асфалтирањето на последната делница долга 3,1 километри од регионалниот патен патен правец Виница – Делчево.

Се асфалтира последната делница од стариот пат Виница – Делчево

Градежните работи се изведуваат меѓу селата Црн Камен и Калиманци, со што по три децении целосно ќе се комплетира стариот пат што ги поврзува двете општини.

– Со средства во висина од 19 милиони денари, што ги обезбедивме преку Јавното претпријатие за државни патишта, ја стартувавме финализацијата на последните километри од патот, чија ширина е 3,5 метри. Во зависност од временските прилики, градежните работи треба да завршат за десетина дена. Со тоа ќе добиеме уште едно квалитетно сообраќајно решение за поврзување на Виница со соседната општина Делчево, а тоа ќе биде и големо олеснување за жителите од ридско-планинските населени места, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Реконструкцијата на регионалниот патен правец Виница – Делчево, што поминува низ планински предел, почна пред околу две години.

Неговата вкупна должина од 14 километри и тој често се користи како алтернативно сообраќајно поврзување, пред сè поради забраните на магистралниот пат А3 преку Македонска Каменица каде често се случуваат одрони на карпи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Годишна инфлација во јуни: Македонија – 3,4%, Хрватска – 4,5%, Турција 32,11%

Годишната инфлација во Македонија во јуни е 3,4%, но тоа што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е 2,5%, а кај облеката и обувките 2,1%.

Годишна инфлација во јуни: Македонија – 3,4%, Хрватска – 4,5%, Турција 32,11%

Практично, годишната инфлација во јуни најмногу ја зголемуваат алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците со 9,3%, како и транспортот со 6,2%.

Колку за споредба во регионот:

Грција – 3,9%

Бугарија – 5,6%

Хрватска – 4,5%

Словенија – 3,6%

Турција – 32,11%

Другите земји од регионот сè уште немаат објавено податоци за јуни, па последните достапни се за мај:

Косово – 6,8%

БиХ – 5,6%

Црна Гора – 3,6%

Србија – 3,5%

Албанија – 3%

Ако го споредиме јуни 2026 со јуни 2022, тогаш бројките се следни:

Јуни 2026 – 3,4%

Јуни 2022 – 14,5%

Ова е споредбата кога ќе се споредат двете енергетски кризи – првата по нападот на Русија врз Украина, а втората по нападот на САД врз Иран.

1 : 4,26.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови докази пред завршницата за предметот за претседателката на ДКСК

Наместо завршни зборови, нови докази во судењето за претседателката на ДКСК Татјана Димитровска. 

Нови докази пред завршницата за предметот за претседателката на ДКСК

Одбраната на Билјана Петровска Мантева, која се товари за откривање службена тајна на екс-директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ.

Одбраната достави документација со која тврди дека известувања од истата предистражна постапка за набавката на мазут веќе биле доставени до ад есм и подружниците уште во август 2024 година, повеќе од еден месец пред дејствието за кое мантева се товари. Обвинителството се спротивстави, но достави и свој доказ за работниот ангажман на Небојша Стојановиќ .

Доказите ќе се изведуваат на утрешното рочиште, на кое се закажани и завршните зборови од главната расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата прогласи едностран раскин на Договорот со концесионерот Енерџи Лукс Кочани

Владата прогласи едностран раскин на Договорот со концесионерот Енерџи Лукс Кочани за изградба на мала хидроцентрала на Блатешка река под падините на Плачковица. 

Владата прогласи едностран раскин на Договорот со концесионерот Енерџи Лукс Кочани

Мештаните од виничкото село Блатец, кои со жив штит чуваа стража на реката, велат дека ова претставува кулминација на нивната десетгодишната борба за зачувување на планинската река од која пијат вода и ги наводенуваат своите земјоделски посеви.

-За овие десет години, концесионерот нема удрено ни една лопата од својот план, така што реката сега за сега е зачувана. Ние сме посветени на нашата борба и остануваме на тоа да не започне никаква градба на тоа место. // Ова е еден голем чекор и се надеваме дека ќе биде последен чекор, дека успехот е веќе на крајот, меѓутоа доколку се искористат овие правни норми и хипотетички се продолжи концесијата, ние сме на терен, ние отрпнавме на терен и остануваме на терен се додека не ја видиме нашата река онаква каква што треба да биде,- - Блаже Анакиевски, жител на с.Блатец.

Концесионерот во рок од 30 дена има право да ја обжали одлуката на Владата пред Управен суд, меѓутоа, градоначалникот на Виница – Митко Костадиновски е на ставот дека стручни лица всушност никогаш не отишле на терен да ја увидат фактичката состојба, односно дека трасата на хидроцентралата со моќност од 606 kW е на главната водоводна цевка на селото Блатец.

-Граѓаните треба да бидат спокојни и да немаат никаков проблем, затоа што без разлика и да се уваже жалбата, ние пред да биде укината концесијата на Енерџи Лукс, ние како општина Виница им дадовме прекин за изградба. // Тие имаат право да поднесат на ново за дозвола за градба, но кога ќе излезат на терен стручнаци и кога ќе видат дека таму каде што им е одобрено за градба минува линискиот инфраструктруен објект за водоснабдување на село Блатец, мислам дека не постојат стручњаци од таа област што би дозволиле да биде тоа,- -Митко Костадиновски, градоначалник на О.Виница.

Инвеститорот на хидроцентралата - Енерџи Лукс Кочани ја добил концесијата уште во 2013та година од кога и статусот на повластен производител на електрична енергија практично секоја година се обновувал, меѓутоа со оглед на тоа што не започнал со производство во утврдениот рок, Владата ја раскинала концесијата. Од Енерџи Лукс Кочани за Канал 5 изјавија дека се уште не ги добиле официјално документите за поништување на концесијата и најавија дека претстои правен спор за обжалување на одлуката пред Управен суд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер