Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
БалканСе апси бандата на озлогласениот турски нарко бос Арабаџи- „оперирале“ во Шпанија, Германија и Бразил (ВИДЕО)Во Истанбул и три други провинции е покрената полициска операција против членови на организирана криминална група поврзана со меѓународна трговија со дрога, предводена од Неџати Арабаџи, познат како „Пеколен Неџати“.Во операцијата се приведени пет лица, а запленети се средства во вредност од 780 милиони турски лири, објави Хуриет. Истрагите спроведени од Одделот за борба против наркотици на Полициската управа во Истанбул, во координација со Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул, донесоа информации за организираната криминална група предводена од нарко босот Неџати Арабаџи, познат како „Пеколен Неџати“. Врска со дрога запленета во три земји Анализата на податоците од шифрираната комуникациска врска откри дека 100 килограми канабис запленет во Германија, 890 килограми кокаин запленет во Бразил и 84 килограми и 400 грама канабис запленет во Шпанија се поврзани со оваа криминална банда. Истрагите покажаа дека организацијата имала вооружена структура, била вклучена во злосторства како што се тортура и убиство со умисла во конфликти поврзани со дрога и редовно собирале средства за потребите на организацијата и ги користеле во криминални активности. По завршувањето на истрагата, утрово беа спроведени истовремени полициски операции во Истанбул, Измир и Тунџели. За време на операцијата се уапсени пет лица, а запленети се средства во вкупна вредност од 780 милиони турски лири, вклучувајќи 22 недвижнини, 7 моторни возила и акции во 8 компании и партнерски фирми. 1.200 полицајци во акција против „Ангелите на пеколот“ во Германија Операција во која учествуваа 1.200 полицајци беше спроведена во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија против организацијата на мотоциклистичката банда „Ангели на пеколот“. Неџати Арабаџи, кој моментално е во затвор во Измир, наводно бил водач на групата.Тагови: банда наркобос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook