СДСМ: Зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат јасен став за референдумот?

Дали тоа што не добија амнестија за претходното раководство е причината што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат јасен став за референдумот?

Сите прогресивни политички субјекти и мнозинството граѓани се определени за загарантиран македонски идентитет и обезбедена македонска иднина во ЕУ и НАТО. Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат без став за најважното прашање во историјата на независна Македонија.

Немањето став за најважното прашање за најзначајните стратешки и национални интереси, докажува дека ВМРО-ДПМНЕ се несериозна и неодговорна партија која што мисли само на сопствените, а никако на интересите на граѓаните и државата.

Дали тоа што не успеаја да добијат амнестија за нивното претходно раководство е причината што Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат или не сакаат да го соопштат ставот за референдумот на 30 септември?

Македонија чекори кон целосно расчистување со корупција и владеење на правото, што се едни и од критериумите за целосна интеграција во ЕУ и НАТО.

Придобивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

На 30-ти септември, граѓаните ќе изберат интеграција наместо изолација, иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

 Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и  Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.

Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа

Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили кои дејствуваат во Појасот Газа го пронашле телото на Рон Бинјамин, кој беше меѓу 252 лица заробени од палестински вооружени лица во нападот предводен од Хамас на израелска територија на 7 октомври минатата година, што ја предизвика војната.

Главниот воен портпарол на Израел, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Повикувајќи се на разузнавачки информации, војската соопшти дека сите биле убиени на 7 октомври.

Тројцата заложници, како што изјави Хагари се Шани Лук, Амит Бускила и Јицак Гелерентер. Тој рече дека тројцата биле на музичкиот фестивал Нова и биле убиени од борците на Хамас додека се обидувале да побегнат. Нивните тела потоа биле однесени во Појасот Газа. /МИА

Мироцветна порака и песна во Охрид и Струга со Цветин и Хорот „Вања Лазарова"

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата".

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата", вака е насловен денешниот настан кој ќе се одржи во Струга и Охрид, во организација на уметникот Живко Поповски- Цветин, Македонското здружение за култура обичаи и традиции "Гороцвет" и Хорот на Ансамблот „Вања Лазарова" од Скопје.

Тој ќе се содржи мироцветни цртежи, песна и поезија, и ќе се одвива во Паркот на поезијата во Струга и на Дрвениот мост, каде ќе се читаат познати стихови од славни учесници на Струшките вечери на поезијата- Ален Гинсберг, Томас Шапкот, Влада Урошевиќ, Матеја Матевски, Хјусто Хорхе Падрон, Десанка Максимовиќ, Булат Окуџава, Блаже Конески, Гилвик, Андреј Вознесенски, Генадиј Ајги и други...

Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, на 24 Мај, кој се слави во Охрид како патронат на градот, поезија и песна ќе се изведат и на брегот на Охридското езеро покрај спомениците на Браќата Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Григор Прличев.

Педесеттина златни грла од Хорот на ансамблот "Вања Лазарова" ќе одекнат, пеејќи познати македонски традиционални песни „Ја излези Ѓурѓо" на Стража, „На Струга дуќан да имам" во Струга, „По пат одам", „Железар", „Брала мома капини" и други во Охрид.

Хорот е под диригентство на маестро Лазо Трпковски - Ласко. /МИА

притисни ентер