СДСМ: Врват криминални тендери додека Скопје се гуши од загаден воздух - Канал 5

СДСМ: Врват криминални тендери додека Скопје се гуши од загаден воздух

Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух. 

СДСМ: Врват криминални тендери додека Скопје се гуши од загаден воздух

161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, тендери од 9 милиони за друга фирма со двајца вработени, милионски износи за фирма на студентот на Мицкоски. Дури и по европските пари посегна власта за што ЕУ ја суспендираше ИПАРД 3 програмата.

Наместо инвестиции во мерки и политики за намалување на загадувањето парите на граѓаните завршуваат во криминални тендери преку кои се пумпаат милиони евра.

Мицкоски најавуваше 1 милијарда евра инвестиции за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50% но наместо тоа ги намали парите за чист воздух за 51%!

Владата на ДПМНЕ нема пари за чист воздух, нема пари за бесплатен јавен превоз, нема пари за филтри, за еколошко греење, еколошки проекти, за итни интервенции.

Само за криминални тендери има пари.

Изборот на ДПМНЕ е крадење на народот и лично богатење наместо јавното здравје на скопјани.

Во времето на СДСМ се презедоа низа на мерки со Планот за чист воздух и во тие години започна тренд на постепено намалување на загадувањето.

Штетните честички ПМ 2.5 во воздухот се намалија за -564kg на годишно ниво, а честичките МП 10 за - 735kg исто така на годишно ниво. И тоа граѓаните го знаат.

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба во Скопје и свикување на итна седница на Советот на Град Скопје за што имаме и конкретни мерки за намалување на загадувањето.

Но, за да може да се реализира некоја мерка мора крадењето на народот да запре а сите виновни да понесат одговорност согласно закон.

На криминалот и корупцијата мора да им се стави крај.

Работата не е завршена!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот пат

Министерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер.

Ферати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот пат

На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија.

Министерот ја информираше амбасадорката за годишната програма на Министерството за односи меѓу заедниците и за планираните активности кои имаат цел директно да придонесат за зајакнување на општествената кохезија, промовирање на дијалогот и јакнење на довербата меѓу етничките заедници. Во таа насока беше нагласена потребата од продолжување на заедничките институционални напори за создавање стабилна клима на соработка и меѓусебно разбирање.

На средбата се разговараше и за идните проекти и можностите за реализација на нови иницијативи од заеднички интерес. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во консултативните процеси при изработката на стратегиите, како и при спроведувањето на различните активности на Министерството, со цел нивниот глас и перспектива да бидат составен дел од идните политики и проекти што придонесуваат за развојот на општеството и приближувањето кон Европската Унија.

Прес служба на кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме

Македонија не се соочува со енеретски удар заради низок водостој на акумулациите како во делови од Европа, напротив земјава е енергетски безбедна, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме

Владата вели тој не размислува на покачување туку на намалување на цената на струјата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи

Ова е тогашната слика од скопските села  Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново кои беа најпогодени од катастрофалните поплави кои се случија на Скопската котлина на денешен ден пред 10 години.

Десет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи

Невреме кое однесе 22 животи, a како потсетник за страотната елементарна непогода, на веб сајтот на исчезнати лица на МВР – се уште стои сликата на Фејзула Елиф, едногодишно бебе кое исчезна во поплавата и оттогаш се губи нејзината трага. Незапаметеното невреме остави и десетици семејства без покрив над главата а настанатата материјална штета беше проценета над 30 милиони евра.

-Огромното количество на вода кое наврнало врз Скопската котлина се оценува како главен фактор во катастрофалната поплава, сепак инфраструктурните пропусти како и нерегулираната сеча на Скопска Црна Гора во голем дел придонеле тоа количество на вода да се слее во населените места. 10 години од поплавите, дали грешките се исправени кои ќе превенираат таква катастрофа да се случи во иднина?

Од општина Гази Баба како најпогодена во поплавите, велат дека во изминативе 10 години работеле на проекти кои го подобриле системот за заштита од поплави и намалување на ризиците од идни елементарни непогоди. Сепак, камерата на Канал 5 забележа голи падини и обраснати одводни канали полни со отпад во едно од тогаш најоштетените места – селото Стајковци.

-Меѓу најзначајните реализирани активности се: изградба и целосна реконструкција на одводниот канал на улица „Антон Велковски“ во Стајковци; Изградба и целосна реконструкција на одводниот канал во Сингелиќ; Редовно чистење на природните брани и водотеци на падините на Скопска Црна Гора, со цел непречено одведување на атмосферските води и превенција од поплави.- Општина Гази Баба

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека после поплавата, капацитетите за справување со вакви елементарни непогоди значително се подобриле.

-ДЗС после 10 години од поплавата ги зајакна своите капацитети. Извршени се безброј обуки на тимовите за спасување на вода, материјално-техничките ресурси на Дирекцијата се десеткратно подобрени. Во моментов, ДЗС располага со преку 500-тина пумпи, со бебзрој вреќи и бариери. Можеме да кажеме дека од денешен поглед, ДЗС е спремна за слични несреќи. - Димче Митевски, раководител на сектор за оператива и логистика при ДЗС

Од општина Гази Баба соопштуваат дека утре во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе се оддржи комеморативен настан преку кој ќе се оддаде почит на жртвите, и како што велат, ќе се потсети на важноста од континуираното вложување во превенција и заштита од природни непогоди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер