СДСМ: Во Пелагонискиот регион 146 милиони евра за патишта, водовод и гасовод

146 милиони евра се инвестираат во патишта,водовод и гасовод во Пелагонискиот регион, Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестиции,на прав пат сме!

Владата предводена од СДСМ во континуитет вложува во капиталните инвестиции.

Само во ресорот транспорт во пелагонискиот регион моментално се реализираат педесетина проекти или инвестиции во вредност од 146 милион евра.

Заврши обновата на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, како и изградбата на пругата од Битола до Кременица.

Како дел од од поголемите проекти кои се во тек се рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, во должина од 15 километри ,инвестиција од речиси еден милион евра, изградбата на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново.

Обновата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјади жители на општина Могила, со кој значително се подобрува руралното живеење.

Проекти кои треба да стартуваат во периодот кој следува се реконструкцијата на постоечката делница од Фариш до Дреново, проекцијата за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, а истовремено ќе се работи и на обнова на патишта во Крушево, Ресен и Прилеп.

Изградбата на експресниот пат Битола – Меџитлија, обиколницата која е во план како и изградбата на автопат од Битола до Прилеп е од големо значење на овој регион.

Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и железничката инфраструктура.

За само две години Владата предводена од СДСМ изгради 500 километри патишта низ целата држава. Не застануваме тука, резултатите само потврдуваат дека на прав пат сме!

Приватните специјализанти очекуваат од новиот министер веднаш да ги повика на разговори

Приватните специјализанти и постизборно излегоа на протест. 

Тие и денеска пред интерните клиники ги повторија нивните барања – покачување на месечниот надоместок, здравствено и пензиско осигурување и регулирање на нивниот работен статус.

Упатија порака до новата влада, која треба да се формира летово – проблемите на специјализантите да ги стави на приоритетната листа.

Протестот на специјализантите трае веќе втор месец и велат дека ќе одржуваат мирни собири секој вторник, се додека не се исполнат нивните барања.

Стравуваат дека, доколку не се реши нивниот статус, ќе продолжи одливот на медицински кадар од земјава, кој е еден од најгорливите проблеми во изминатите неколку години.

За тоа говорат и бројките од Македонското лекарско друштво, кои говорат дека од јавното здравство на годишно ниво од земјава заминуваат од 200 до 250 лекари.

Дека е алармантна состојбата и со медицинските сестри, пред неколку дена алармираа и од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“.

Според нивните податоци, после ковид-пандемијата, по 40-тина сестри месечно си заминуваат од јавното здравство. Тие својата кариера најчесто ја продолжуваат во странство, други во приватните болници или ја менувале професијата.

Со ваков тренд на одлив на медицинските сестри, од здружението „За нас“ стравуваат дека Македонија може да стане држава без медицински сестри.

Анкета ИРИ: Високите цени и трошоците за живот најголем проблем за граѓаните во Македонија

Најголем проблем со кој се соочуваат граѓаните во Македонија се високите цени и трошоците за живот со 31%, а веднаш потоа е корупцијата со 22%.

Најголем проблем со кој се соочуваат граѓаните во Македонија се високите цени и трошоците за живот со 31%, а веднаш потоа е корупцијата со 22%, покажува најновото истражување на американскиот Меѓународен републикански институт посветено на земјите од Западен Балкан. Токму овие проблеми анектираните сметале дека треба да и бидат врвен приоритет на Владата, за разлика од ЕУ интеграциите кои се подолу на табелата. Иако висок процент од 68 отосто од граѓаните би гласале „ЗА“ доколку денеска се одржи референдум за влез во ЕУ, сепак 47 проценти од испитаниците во Македонија се сомневаат во сериозните намери на унијата да им понуди членство на земјите од Западен Балкан.

За Македонија најголеми сојузници се Србија, САД и Турција, додека најголемата закана за земјава доаѓа од Бугарија, Русија и Косово, сметаат анкетираните, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е најпопуларен странски лидер помеѓу македонските граѓани.

Меѓу домашните политичари и јавни личности, најголема доверба спред анкетата ужива лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потоа претседателот на ДУИ Ахмети, а на третото место е лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Најголема доверба, според истражувањето, во Македонија ужуваат верските институции, потоа армијата и медиумите, анкетираните најмалку им веруваат на судовите, парламетнтот и техничкиот премиер.

Според анкетата, телевизијата е убедливо најупотребувана медиумска платформа на која граѓаните се информираат за актуелностите.

Податоците за истражувањето се собрани од 2 февруари до 5 март од 1.220 возрасни испитаници во Македонија. Истражувањето е направено во сите земји од Западен Балкан.

Квинта: Забраната за посета на Порфирие на Косово е спротивно на планот на Ахтисари

Во реакцијата се нагласува дека од Владата на Косово се очекува да ги исполни највисоките стандарди за човекови права и во својата законска рамка и со своето дејствување. 

Амбасадорите на таканаречената „Група Квинта“, односно петте највлијателни западни држави кои имаат дипломатски претставништва во Косово – САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франција, заедно со Мисијата на Европската унија во Приштина, изразија загриженост поради вчерашната одлука на Владата на Косово да не му дозволи на српскиот патријарх Порфирие и други свештеници да го посетат Косово за да учествуваат на почетокот на годишното собрание на Синодот на Пеќката патријаршија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката на Владата, се вели во соопштението потпишано од амбасадите на петте земји и Канцеларијата на ЕУ, „е спротивна на одредбите од Планот на Ахтисари, кои јасно ги опишуваат правата, привилегиите, имунитетите на свештенството на Српската православна црква и не е во согласност со обврските на Косово добиени во дијалогот олеснет од ЕУ“.

Во реакцијата се нагласува дека од Владата на Косово се очекува да ги исполни највисоките стандарди за човекови права и во својата законска рамка и со своето дејствување. Страните, исто така, беа повикани да се воздржат од дејствија и реторика кои можат да поттикнат тензии.

„Владата треба да дејствува во интерес на сите свои граѓани и да ги задржи основните вредности и одговорности кон регионалната стабилност. Продолжуваме да ги повикуваме двете страни да се воздржат од какви било дејствија или реторика кои би можеле да ги зголемат тензиите и да доведат до инциденти“, порачаа Квинта и ЕУ.

Министерството за надворешни работи на Косово, во понеделникот, преку објава на Фејсбук, соопшти дека сé додека Србија продолжува да го прекршува Бриселскиот договор, посетите нема да бидат дозволени.

„Сé додека Србија продолжува да го крши бриселскиот договор, не дозволува посети на нашите државни функционери на Србија и дотолку повеќе додека не престане со кампањи против Република Косово на меѓународната сцена, како во процесите на интеграција, така и во процесот на признавање, додека користи говор на омраза и закани кон Република Косово и нејзините претставници, нема да бидат дозволени посети ниту од наша страна“, се вели во соопштението на косовското МНР. /МИА

притисни ентер