СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пред кичевчани во отсуство на свои идеи и проекти, ќе презентираат веќе постоечки проекти на СДСМ

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ се потврдува со дела, реагираат од СДСМ..

Очајот во кој е длабоко потоната оваа партија се огледа во тоа што денес нивни членови и соработници одржуваат трибина во Кичево на која темата е енергетика.

Иронијата да биде уште поголема, нивни главни проекти со кои настапуваат се веќе постоечки, реализирани или во фаза на реализација од страна на СДСМ.Тоа е таа добро позната партија, без свои идеи и проекти кои ќе може да им ги понуди на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ако знаеја како се работи во енергетиката, немаше државата со години да биде зависна од скап увоз на струја, немаше да се укине евтината дневна тарифа на струјата, немаше цената на електричната енергија да поскапи за 100 отсто, а енергетската мрежа немаше да се соочува со чести испади за време на нивното владеење.

Денес, со политиките на СДСМ , 108 јавни објекти во преку 40 општини добија фотоволтаични системи со што годишно се заштедуваат 196.000 евра од општинските буџети.Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа.

ЕСМ се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати од сопствени средства . Исто така, во тек е на оваа фотоволтаична електрана со 100 Мефавати –проект кој е пример во регионот ,честопати споменуван од Енергетската заедница.

Во тек е проект за гасификација на сите болници во државата вклучително и Кичево.

Крајно лицемерно од страна на ВМРО-ДПМНЕ пред кичевчани да зборува на тема енергетика, истата таа партија која од 2006 година до 2017 година направи милионски загуби.

ВМРО-ДПМНЕ не работеше во интерес на граѓаните ниту како власт, ниту како опозиција.Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени на престојните избори на 12 април. Граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе!, реагираат од СДСМ.

Полска ја зајакнува границата кон Русија и Белорусија

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска изјави дека почна осовременувањето и утврдувањето на источна граница со Белорусија и Русија, за што се наменети 2,3 милијарди евра.

- Тој план за одбрана и одвраќање го нарековме „Штит на Истокот“ … кој ќе нè брани од потенцијалните напади од исток, но пред сè ќе има за цел да го одврати непријателот. Системот на утврдувања, зајакнување, модернизирањето на 400 километри од границата со Русија и Белорусија ќе биде фактор на одвраќање, стратегија да се избрка војната од нашата граница, истакна Туск.

Тој најави дека следната недела ќе објави нови мерки за спречување провокации, саботажи и диверзии во рамките на хибридните напади од Русија и од Белорусија.

Зборуваме за потребата да се изгради силна држава, отпорна на саботажи и саботажи. Полска ќе биде отпорна држава и безмилосна до болка кон секој што ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во нашата земја, наведе Туск. Претходната влада на конзервативната партија Право и правда на границата подигна ограда висока повеќе од пет метри за да ги запре мигрантите.

Полска без оглед кој е на власт тоа го третира како руски и белоруски хибриден напад и обид за префрлање на десетици илјади бегалци во Полска со цел да се дестабилизира земјата но и другите членки на Европска Унија./МИА

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

притисни ентер