СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не го осуди чинот на предизвикување пожари

Наместо осуда ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да профитира, институциите дејствуваат, пожарите се ставаат под контрола, се сакционираат оние кои ги подметнуваат

ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не го осуди чинот на предизвикување пожари и продолжува со старата пракса.

Наместо осуда, ВМРО-ДПМНЕ побрза да шири неоснована паника и очајнички да се обидува да добие ситен политички поен, додека институциите со сите капацитети делуваат против пожарите.

Наместо да се воздржи од ширење неснована паника, ВМРО-ДПМНЕ дрско лаже дека институциите не дејствуваат.

Граѓаните да не потпаѓаат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, пожарите се ставаат под контрола.

Како што јавно објавија надлежните институции, најголем дел од пожарите низ државата се ставени под контрола. За предизвикани пожари, досега во 2019 година Министерството за внатрешни пожари поднело 8 кривични пријави за сторени 8 кривични„предизвикување на општа опасност" против 8 сторители.

Државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.

Воведена е забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот, којашто започна да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.

Владата предводена од СДСМ, надлежните инситуции на на национално и локално ниво ја следат ситуацијата, ги следат сите локации низ државата за да се превенира натамошно подметнување на пожарите.

Истовремено, како партија го осудуваме чинот на свесно подметнување пожари. Граѓаните да се воздржат од палење оган на отворени површини, предизвикувањето на пожари и општа опасност е казниво со закон.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер