СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ ја руинираше економијата

Економските показатели ја докажуваат успешноста на Владата предводена од СДСМ, се наведува во реакцијата на СДСМ на соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.  

11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога долгот се зголеми тројно, а парите од скапите задолжувања се трошеа за задоволување на криминални интереси, ја руинираше македонската економија, а државата и граѓаните ги остави во долгови.

Залудни се лажните наводи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, сите економски параметри јасно покажуваат дека економијата се стабилизира и тргнува во добар правец. Рекордниот износ од 235 милиони евра на странски инвестиции во првиот квартал од 2018, растот на просечната плата, зголемениот извоз, намалената невработеност, се само дел од економските показатели што ги демантираат лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успесите во економијата и надворешната политика и затоа секојдневно се обидува да ја лаже јавноста. Постигнатиот договор со Грција освен што го зачувува нашиот идентитет, ги отвора и евроинтегративните перспективи и носи членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Тоа ќе овозможи пристап до нови фондови, повеќе инвестиции и нови работни места, што позитивно ќе влијае врз севкупниот економски раст, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Со која динамика ќе се одвиваат разговорите за новата Влада?

Со која динамика ќе се одвиваат разговорите за состав на новата Влада? Дел од аналитичарите не очекуваат потешкотии при договарањето на владината програма.

Кога и како ќе завршат започнатите разговори за формиорање на новата македонска Влада? Дек од аналитичарите сметаат дека нема да има поголеми потешкотии при составувањето на новиот владин состав и распределбата на ресорите. Според Благојче Атанасовски Единствена пречка би можела да биде отворањето на Уставот за во него да бидат вметнати Бугарите, нешто што исклучително јасно го бара албанскиот блок. Според него не еисклучена опцијата во парламентарната коалиција да влезе и ЗНАМ, на Максим Димитриевски.

И аналитичарот Љуљзим Фаризи не смета дека би имало пречки при формирањето на новата влада. Според него, составувањето влада и уставните измени не треба да имаат заедничка точка.

Претходно во јавноста се појавија информации дека веќе биле договорени министетрските и директорските места кои ќе бидат доделени на Вреди. Оваа информација беше експресно демантирана од партијата.

Десетици загинати во големите поплави во Авганистан (ВИДЕО)

Три авганистански провинции се погодени од разорни поројни поплави бидејќи новиот бран поплави се заканува на северот на земјата, соопштија денеска властите, додавајќи дека најмалку 153 лица загинале.

Провинцијата Баглан е најпогодена од катастрофата. Официјалните лица се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека има најмалку 153 загинати, а уште 100 лица се повредени.

Официјални лица во соседната провинција Тахару објавија повеќе од 20 смртни случаи, додека провинцијата Бадакшан потврди два смртни случаи и две исчезнати лица. Поплавите предизвикаа уништување на имоти и земјоделството во сите погодени подрачја.

Авганистанското Министерство за здравство во соопштение потврди дека телата на жртвите се пренесени во регионалните болници, но ги нагласи тековните напори за утврдување на точниот број на жртви, бидејќи размерите на човечките загуби остануваат нејасни.

Спасувањето е отежнато поради непристапноста на погодените подрачја. Испраќањето на копнени спасувачки тимови се покажало неуспешно, што го натера авганистанското Министерство за одбрана да распореди хеликоптери за операции за пребарување и спасување, како и за транспорт на потенцијални жртви.

Жителите на Баглан ги окарактеризираа поплавите како поголеми од сите претходни.

Авганистан веќе некое време постојано е зафатен од поплави. На почетокот на неделата имаше загинати во делови од земјата по обилните врнежи. Најмалку 70 луѓе ги загубија животите во поплавите минатиот месец.

По децении војна и конфликти, земјата едвај има средства да ги ублажи ефектите од климатските промени.

Гир: Уверен сум дека ќе го заземете заслуженото место во ЕУ како полноправна земја членка

По повод Европскиот ден на знамето, денеска во организација на Европското движење се одржа традиционалниот планинарски марш до врвот на Водно, на кој присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска.

Евроамбасадорот Гир ја нагласи размената на знамињата на Европската Унија и Македонија, како и нивното поставување на врвот на Водно, и изрази уверување дека македонското знаме ќе се вее во Брисел кога земјава ќе стане членка на Унијата.

притисни ентер