СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминални тендери, провизии и расипништво

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминални тендери, провизии и расипништво, сега својата деструкција сака да ја покрие со измислување непостоечки скандали.

Поради децениското криминално владеење, партијата што стана најбогата во Европа на грбот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, провизии, наместени тендери и расипништво.

Политички формирани компании и доделување на тендери на фирми блиски до власта беше одлика токму на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.

Бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од таквото криминално владеење.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со степенот на транспарентност на владата предводена од СДСМ. Опозициската партија измислува наводни скандали онаму кадешто ги нема за да го покрие деструктивното работење против македонската иднина. Креираат невистини со цел да ја манипулираат македонската јавност.

Компанијата која портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја спомена,ниту земала, ниту ќе земе средства од Фондот за иновации и технолошки развој.

Денеска тендерите и јавните набавки се распишуваат преку јасно дефинирани и транспарентни критериуми, се обезбедуваат еднакви услови за сите, а се избираат компании кои ќе испорачаат најдобар квалитет по најниска цена.

Владата предводена од СДСМ работи отворено, одговорно, штедливо и презема видливи активности за избегнување конфликт на интерес. /МИА

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

притисни ентер