МакедонијаСДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода. Се мери со нов авион за Мицкоски. „Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има. Се може да почека само авионот не може. Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат. Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат. Само авионот не може да чека. Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии. За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија. А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа. Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше. Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани. Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница. Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лицеНа 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓанитеПет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа. Денеска сите тие лаги потонаа. Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал. ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти. По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат. Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени. Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook