3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
МакедонијаСДСМ: Важно соопштение: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!Откако со денови објаснуваме дека постои договор „мигранти за пари“, конечно ДПМНЕ-ЗНАМ го признаа тоа.Не само што признаа, туку тоа го поставија и во форма на Резолуција која сакаат да ја верификуваат во Собранието. Во оваа контра Резолуција на ДПМНЕ нема јасна одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите. Во текстот на резолуцијата се вели следното: "Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување. Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат“ Со цел да им објасниме на граѓаните дека овде станува збор за игра на зборови, односно поинакво дефинирање на мигрантите. НЕ ПОСТОЈАТ ЛЕГАЛНИ И НЕЛЕГАЛНИ МИГРАНТИ. ПОСТОЈАТ САМО МИГРАНТИ. Мигрантите се луѓе кои ги напуштиле своите домови и избегале во други земји поради војната што ги погодила во нивната земја. Не постои начин да бидеш „легален“ или „нелегален“ мигрант кога бегаш од војна и ја напушташ својата татковина. Истото ѝ се случи и на поранешна Југославија на почетокот на граѓанската војна. Тие луѓе кои бегаа, а ние ги нарекувавме „избегани и раселени лица“, често нарекувани „бегалци“. Да се биде „бегалец“ или „мигрант“ е идентична работа, само наречена со друго име. Зошто го прават ова? Веќе неколку дена објаснуваме дека ДПМНЕ се обидува да го избегне прашањето за мигрантите. Пред неколку дена Мицкоски, по изјавата „ако некој види нелегален мигрант до пролет“, токму преку дефинирањето на „нелегални“ мигранти објасни дека се обидуваат со дефиниции да го избегнат она што стои зад сето ова! А тоа е „мигранти за пари“. Мигранти во јуни во Македонија. Истото го потврди и Антониот Милошоски од ДПМНЕ гостувајќи во емисијата, каде даде уште една дефиниција – „економски работници“! Со ова е потврдено сè што СДСМ го зборува и за што предупредува.Ова е нивното предавство на Македонија, мигранти за пари. Денеска нивното признание го имаме и на хартија. Потпишано! Ете, граѓани на Македонија, зошто не сакаа да ја потпишат Резолуцијата што ние ја предложивме. Сега го имате и напишано, а наскоро, бидејќи ќе ја достават во Собранието на потпис – и потпишано „со вашиот потпис“, преку пратениците на ДПМНЕ! Вистината секогаш победува! Дали ќе седиме мирно и ќе ги чекаме мигрантите или ќе се спротивставиме? Борбата започна! И нема да престане! Сите ќе одговарате!, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36