СДСМ: Уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност? - Канал 5

СДСМ: Уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност?

Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и нефункционирањето на институциите под раководство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

СДСМ: Уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност?

Граѓаните на Скопје и цела Македонија се чувствуваат небезбедно на улиците, додека криминалот и насилството се шират на секој чекор.

Наместо ефикасна превенција и реакција, сведоци сме на институционален хаос и нефункционалност на Министерството за внатрешни работи.

Оваа неспособност загрозува човечки животи.

Уште колку луѓе треба да загинат по улиците за Тошковски да понесе одговорност?

Министерот Тошковски мора веднаш да преземе одговорност за загрозената безбедност.

СДСМ бара итна и транспарентна истрага за престрелката, целосно расветлување на настанот и изведување на виновниците пред лицето на правдата.

Дополнително, потребна е промена на безбедносниот систем и засилени мерки за зајакнување на јавната безбедност, особено во чувствителни области.

Граѓаните не заслужуваат да живеат во страв, граѓаните заслужуваат мирен и безбеден живот, а институциите мора да обезбедат сигурност, се наведува во партиската реакција.

Леклер очекува многу тежок викенд за Ферари во Монако

Пред една година, Шарл Леклер доживеа едно од најголемите задоволства за секој возач на Формула 1, имено победа на домашна трка.

Леклер очекува многу тежок викенд за Ферари во Монако

Возачот на Ферари беше двојно среќен, бидејќи негова домашна трка е во Монако, а трката во Кнежевството е онаа што секој возач сака да ја освои.

Сега, сепак, тој очекува викендот во Монако да биде многу тежок за него и за Ферари. Според него, слабостите на автомобилот на Скудерија ќе бидат откриени во Кнежевството. Тој не ја исклучи можноста за изненадувања, бидејќи во Монако поставките се најважни за квалификациите, со оглед на речиси невозможното претекнување во трката.

-Очекувам многу тежок викенд. Мислам дека Монако ќе открие многу од слабостите на нашиот тим, па не знам... но има и многу работи што не можат да се предвидат. Ризиците што ги преземате во квалификациите, поставките на болидот, кои се многу различни, па се надевам на изненадување, изјави Леклер по вчерашната трка за Големата награда на Емилија-Ромања. /МИА

Стотици демонстранти протестираа против Хамас во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа

Медиумите во Газа објавија снимки на кои се гледаат стотици демонстранти во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, како протестираат против Хамас и повикуваат на прекин на војната.

Стотици демонстранти протестираа против Хамас во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа

„Тајмс од Израел“ објави дека демонстрантите скандираа „Стоп на војната и раселувањето“ и „Хамас надвор“.

Ова е прв протест против Хамас во Кан Јунис по неколку недели. Во последните недели слични спорадични демонстрации се одржаа и во северните делови на Појасот Газа.

Претходно денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа општа наредба за евакуација за целиот Кан Јунис, наведувајќи дека целата област сега е „борбена зона“./МИА

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

Папата Лав Четиринаесетти денеска за време на состанокот со претставници на други конфесии и цркви, порача дека ова е момент за дијалог и градење мостови, објавија италијанските медиуми.

Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови

„Убеден сум дека ако се согласиме и се ослободиме од идеолошкото и политичкото условување, можеме да кажеме „не“ на војната и трката во вооружување и „да“ на мирот и разоружувањето“, рече папата, додавајќи дека истовремено можеме да ја отфрлиме економијата што ги осиромашува луѓето и планетата Земја, а да прифатиме интегрален развој, пренесе италијанската агенција АНСА.

На средбата со претставниците на другите конфесии, папата се осврна на еврејските корени на христијанството, нагласувајќи дека сите христијани имаат посебен однос со јудаизмот.

„Теолошкиот дијалог меѓу христијаните и Евреите останува секогаш важен и близок до моето срце. Дури и во овие тешки времиња, оптоварени со конфликти и недоразбирања, потребно е со ентузијазам да го продолжиме овој наш многу драгоцен дијалог“, заклучи папата Лав Четиринаесетти на состанокот со претставниците на други религии. /МИА

притисни ентер