СДСМ: Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски - Канал 5

СДСМ: Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

Уште само 9 дена остануваат до 1. јуни - рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда.

СДСМ: Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

9 дена до уште едно неисполнето ветување.

9 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија.

Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно.

Сега, за неколку дена требаше да се завршат осум.

Тоа не е реформа. Тоа е лага.

Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни.

Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство и не сака да ги внесе малцинствата во Уставот.

Затоа што тоа би значело правда и крај на неговата криминална група.

Наместо европски пат, тој нè води во изолација.

Наместо реформи – нови лаги и нови одложувања.

Уште 9 дена се доволни за да се види вистината: Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пуштена во употреба реконструираната сала „Расадник“

Заврши комплетната реконстуркција на спортската салата „Расадник“ во населба Кисела Вода.

Пуштена во употреба реконструираната сала „Расадник“

Салата која е со со капацитет за 1.000 гледачи се реконструираше со два милиона евра од министерството за спорт и во иднина ќе биде дом на ракометниот клуб „Вардар“. Објектот, како што потенцираа надлежните располага со сериозен капацитет и нуди врвни услови за спорт и рекреација на младите. За посетителите во текот на денот е подготвена богата целодневна програма која вклучува спортски демонстрации, дружење со познати македонски спортисти и репрезентативци, како и можност за разгледување на новите капацитети на салата. Посебно внимание е посветено и на најмладите посетители, за кои се организирани детски и забавни содржини во специјално подготвена зона.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Каде и да се погледне – скандал со тендери: Сомнежи за злоупотреби на евакуациските летови на МНР

Нема тендер, нема институција во која ВМРО-ОКГ не ги има брцнато рацете и која не е спорна.

СДСМ: Каде и да се погледне – скандал со тендери: Сомнежи за злоупотреби на евакуациските летови на МНР

Најновите наоди објавени од Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека дури и евакуациските летови на МНР во вредност од еден милион евра биле злоупотребени.

Се наведува дека незкаонски биле платени однапред, иако законски смеело да се плати само 20 отсто, имало тендери со само една понуда и други неправилности.

Сомнителни постапки и милионски јавни набавки се само дел од примерите кои сведочат за криминален систем на ВМРО во кој транспарентноста е укината, а злоупотребите стануваат правило.

Договори зад затворени врати, без конкуренција и без јавноста да добие одговор на основните прашања: кој добива, по кои критериуми добива и по која цена добива државни пари?

Ова е истиот модел на владеење што го гледаме речиси во секоја институција раководена од ВМРО кога тендерите се во прашање.

На сите им е веќе јасно, за ВМРО-ОКГ јавните набавки не се механизам за обезбедување квалитетни услуги за граѓаните, туку можност за партиски бизниси и привилегии.

СДСМ бара итна и целосна ревизија на сите спорни јавни набавки во Министерството за надворешни работи, објавување на целокупната документација и утврдување одговорност за сите евентуални злоупотреби.

Граѓаните заслужуваат одговори. Секој денар од буџетот е важен, тоа се пари на граѓаниреа не партиски плен на ВМРО-ОКГ.

Скопје, 11.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лица со траен инвалидитет на шест месеци мора да земаат нова потврда за нивната состојба

Во Македонија луѓе кои се без рака и нога, во инвалидски колички на секои шест месеци лутаат од врата на врата низ клиники, чекаат ред и се матретираат низ болничките лавиринти.

Лица со траен инвалидитет на шест месеци мора да земаат нова потврда за нивната состојба

Во Македонија луѓе кои се без рака и нога, во инвалидски колички на секои шест месеци лутаат од врата на врата низ клиники, чекаат ред и се матретираат низ болничките лавиринсти за да направат прегледи и снимки само за да потврдат дека имаат инвалидитет и да го приложат сето тоа на лекарска комисија, за да можат да земаат финансии од државата за туѓа нега. Министерот за здравство Азир Алиу вели дека се труди да го реши проблемот, бидејќи системот не треба да си игра со луѓе кои де факто се со траен инвалидитет, а тоа според првичните пресметки се загуби од за милион ипол до 2 милиони евра годишно дадени без потреба.

На Алиу, кој на денешен ден пред една година почна да министерува со здравството, поголема главоболка му се листите на чекање на пациенти за операција и злоупотребите од страна на дел од докторите. И тој има сознанија дека не мора секаде да се чека ако се дадат стотици евра под рака, но тврди дека бара начин да стави крај на ваквата пракса.

Алиу вели дека нема да се откаже од намерата за поголема контрола на вработените во јавното здравство и очекува да се смени начинот на размислување на новините - лекарите наместо со картичка, со скенирање на прст да се евидентираат на работа и во секој момент да се знае што и на кој оддел работат. Фикгерпринтот веќе е во пилот фаза на Инфективната, Клиниката за транфузиологија и во дел од ТОАРИЛУЦ, а целосно функционира во Министерството за здравство.

+

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер