СДСМ: Труjачите на водата добија уште 5 години да го спасуваат Охрид - Канал 5

СДСМ: Труjачите на водата добија уште 5 години да го спасуваат Охрид

УНЕСКО одлучи да не го става Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност. На оваа власт ѝ даде уште пет години.

СДСМ: Труjачите на водата добија уште 5 години да го спасуваат Охрид

Истите што за три дена дозволија загадена вода во четири града, истите што не можеа да обезбедат безбедна вода ниту во болница, сега добија нов рок да го „спасуваат“ Охрид и Охридското Езеро.

Пет години.

Проблемите се исти со децении: дивоградби, загадување, уништување на крајбрежјето, неисполитени обврски.

Ништо ново. Само уште еден алиби-рок за власт што докажано не знае да штити ниту вода за пиење, а камоли светско наследство.

Екипата на ВМРО-OKГ не знае ни билборд да направи, а не да сочува наследство.

Знаејќи ги, после пет години повторно ќе биде виновен некој друг. Некој од пред 35 години. Секој е виновен, освен Мицкоски и тендер-коалицијата што ја сочинува оваа власт. Тие денес ја имаат целата моќ и ја носат целата одговорност, и на локално и на државно ниво.

Ако во овие пет години не се направи она што мора, ќе биде доцна.

Нови пет години нема да добиеме. Охрид нема бесконечни рокови. А оваа власт има само бесконечни изговори.

СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места.

Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување.

Дури и во училишта. Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали општината и централната власт нешто презела?

Советниците на СДСМ бараат и посебна точка на дневен ред за состојбата со водата во Велес.

Откако за неколку дена добивме загадена вода во Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево, не може да се молчи.

Сега СДСМ бара итна и целосна проверка на водата за пиење во сите градови и општини во Македонија. Без исклучок. Без селективност.

Без прикривање на резултатите.

Нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ОКГ да ја отрујат цела земја.

Граѓаните имаат право да знаат што пијат. А оваа власт има обврска конечно да одговори - не со изговори, туку со факти и со чиста вода.

Скопје, 24.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Американскиот државен секретар и шеф на дипломатијата Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред точно два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила.

Се очекуваше разговорите да ги опфатат билатералните односи, како и напорите за завршување на војната во Украина, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По вчерашната средба со Трамп , Зеленски рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“. „Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер