СДСМ: Трошоците растат а платите стагнираат - стандардот на граѓаните се влошува - Канал 5

СДСМ: Трошоците растат а платите стагнираат - стандардот на граѓаните се влошува

Ниту со 2,5 минимални плати денес граѓаните не може да ги покријат трошоците за основните месечни потреби.

СДСМ: Трошоците растат а платите стагнираат - стандардот на граѓаните се влошува

Синдикалната минимална кошничка е покачена за нови 836 денари и достигна рекордно високо ниво: едно четиричлено семејство има потреба од најмалку 62.700 денари месечно за да го преживее месецот.

Трошоците за живот растат а платите стагнираат. Само за храна и пијалоци се потребни над една третина од вкупниот износ на синдикалната кошнишка.

Владата нема никаков економски резултат и очигледно не ја интересира воопшто стандардот на граѓаните, освен нивниот личен интерес.

Додека власта се луксузира со папаја, манго, и аспарагус граѓаните се доведени до точка кога мора да избираат – дали да купат храна, да платат сметки или да се лекуваат.

Ова не се само статистички податоци, ова е сурова реалност и директен удар врз секое семејство, системско осиромашување на народот.

Ова е резултат на неспособноста и дебаклот на промашените економски политики на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски.

СДСМ ќе продолжи гласно да ја разобличува катастрофалната економска политика на оваа власт и ќе се бори за реални решенија кои ќе им помогнат на граѓаните да се справат со кризата што ја создава неспособноста на Владата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„CNN“: Иран доби „оружје помоќно од која било нуклеарна бомба“

 Иран може ефикасно да го затвори пристапот до Ормутскиот теснец по своја волја, давајќи му на Техеран нова моќна способност да предизвика хаос во глобалната економија како резултат на војната, објави „CNN“.

„CNN“: Иран доби „оружје помоќно од која било нуклеарна бомба“

Американските разузнавачки агенции неодамна проценија дека Иран може ефикасно да го затвори пристапот до Ормутскиот теснец по своја волја, давајќи му на Техеран нова моќна способност да предизвика хаос во глобалната економија како резултат на војната, објави „CNN“.

„Сега му ја предадовме на Иран де факто контролата врз теснецот - оружје помоќно од која било нуклеарна бомба“, изјави извор запознаен со проценката за „CNN“.

Висок американски функционер изјави за „CNN“ дека Иран не може да има корист од ниту една од придобивките од рамковниот договор доколу теснецот не остане отворен и Техеран не ги почитува другите точки за кои се согласил. Функционерот рече дека САД ќе ја олеснат блокадата додека Иран го обнови сообраќајот во теснецот.

Друг извор запознаен со рамковниот договор рече дека Иран ги налутил Кина и земјите од Заливот обидувајќи се да го наруши слободниот проток на енергија низ теснецот.

„Иран плаќа цена кога го прави ова“, изјави изворот за „CNN“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливост

Според неа, Владата води политика на предвидлива економија што отвора над 16.000 нови работни места, го зголемува индустриското производство и преку дијалог обезбедува координација.

Митева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливост

„Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата“, рече Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Според неа, Владата води политика на предвидлива економија што отвора над 16.000 нови работни места, го зголемува индустриското производство и преку дијалог обезбедува координација.

„Да имате една стабилна и предвидлива економија, која што ќе отвори над 16.000 нови работни места, да имате една економија која што ќе го зголеми индустриското производство над 8%, една инфлација, која што за разлика од многу други држави ќе успеете во ваква криза да ја нивелирате и да ја држите до едно средно ниво, да се обидувате да го водите социјалниот дијалог, да успеете не преку мерки туку преку дијалог да направите една координација и со големите маркети, но и со сите оние општествени одговорни компании“, вели Митева.

Според неа, Владата секогаш треба да се стреми кон повеќе од она што е остварено во даден момент.

„Граѓаните ја чувствуваат промената и чувствуваат дека оние чекори кои што ги правиме, не се несигурни, не се еден напред три назад, туку се чекори кои што се стабилни, кои што се сигурни и кои што одат во правилна насока. Со едно вакво темпо кое што го имаме во првата половна од мандатот на оваа влада покажавме дека знаеме поинаку, дека знаеме системски како може да се функционира, и дека граѓаните можат, но и бизнисот да ја види таа предвидливост“, истакна Митева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и топло со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно и топло со сончеви периоди

Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер