Иако директорот на Фондот за здравство, Клековски, ветуваше дека никогаш повеќе нема да недостига терапија.
Пациентите чии животи зависат од секоја доза, од секој ден, повторно се жртви на неспособноста и рамнодушноста на власта. Веќе еден месец ја нема биолошката терапија за рак на дојка, меланом и карцином на бели дробови.
Ова е втор пат за три месеци да снема животозачувувачка терапија.
Нема ниту терапија, ниту одговорност, ниту решение. Само изговори – административни процедури, тендерски планови, „ќе биде“.
Никој ништо не спомнува за одговорност, ниту пак за системско решение.
Зошто тендерот не е распишан навреме, ако уште од февруари се знаело дека ќе недостига терапија?
Пациентите на Онкологија немаат време, тие бараат решение а не изговори.
За хаосот на Онкологија мора да има одговорност, човечки животи се во прашање.
Почитувани,
Здравството е на колена, пациентите страдаат секој ден. Владата на ДПМНЕ го претвори здравството во болен, нефункционален систем каде што пациентите страдаат, а институциите молчат.
Бараме оставка од директорите на Клиниката за онкологија и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Итно обезбедување на потребната терапија. Без калкулации, без повторно „ќе биде“.
Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој спасува животи, а не влада која со својата неспособност ги загрозува.
Прес-конференција, Белкиса Зеќири, членка на ИО на СДСМ
СДСМ