3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
МакедонијаСДСМ: Српско сценарио- список на задачи ('to do')Што треба да се направи за мигрантите во Македонија кои веќе им се договорени да поминат незабележано, а во исто време да се земат пари преку кредит, кој ќе го враќаат идните генерации, децата на овој народ.Список на задачи („to do“ ): 1. Најважно: Ископирај сè што прават Вучиќ и СНС во Србија. Значи, copy–paste. Не менувај ништо, никој нема да забележи. 2. Ќаци: Од тоа имате колку сакате. Полни се во ДПМНЕ а има и во ЗНАМ. 3. Ќациленд: Наскоро, кога ќе стигнат мигрантите – завршена работа! 4. Дијана Хркаловиќ, поранешна затвореничка, екс Државна секретарка на полицијата во Србија, а вие ја имате Катица Јанева, од поранешно обвинителството. Подеднакво добро. Таман да си го „отплати“ условното пуштање. Гледајте да ѝ го поништите процесот, како што Вучиќ ѝ направи на Дијана, па да можете да ја вратите на работа. Ќе биде најпослушна. 5. Сведоци на корупција: Најдете некој што по можност бил во затвор или крадел, како Боки 13 и уште некој од Србија (ќе ви треба да го „објасните“ извештајот на Европарламент па ќе кажете дека е поради овие од тука). 6. Напад на новинари: Најдете некој и после прогласете го за „луд“. Ова направете го веднаш по нападот, не чекајте. Како оној што пукаше во „Ќациленд“ во Белград. Сè препишете – завршено. 7. Обвинете ја опозицијата дека напаѓа медиуми преку институциите (по можност од Владата и преку некое здружение) – завршено. 8. Обвинете ја опозицијата за корупција, всушност обвинете ја за сè што го прави ДПМНЕ – по моделот на Гебелс: обвини ги другите за сè што самиот го правиш. 9. Претерувајте со тужби: Секојдневно. 10. Направете си свои медиуми: Тие веќе постојат уште од времето на Груевски. Само сега активирајте ги до максимум. 11. Објавувајте лаги и невистини – тоа го работите со години – завршено! 12. Зоран Заев, поранешен премиер – тука е, живее во Македонија. Човекот се повлече од политика и 5 години е во политичка пензија. Не е во Будимпешта. Сите веќе „заборавија“ дека овозможи слобода на говор, ги ослободи медиумите, ја внесе земјата во НАТО, обезбеди сигурност… Оној обид за негово убиство, и тоа одамна е „заборавено“, таму не треба ништо повеќе да правите. Што се однесува до него, плукајте го секојдневно, не мора ни да се трудите, веќе е оцрнет. 13. Тука недостига еден странец за да го наречете ова „Обоена револуција“ исто како Вучиќ, ама не можете, нема странци, освен ако не жртвувате некој ваш, а и тоа не е паметно, ќе се потсетат на Шарената револуција, кога падна Груевски. Откако ќе ја поминете целата листа и сè е спремно, следниот чекор е јасен – сте го увезле и сте ја исполниле програмата од Белград. Претставата може да почне! „Таткото Вучиќ“ ќе биде презадоволен, бидејќи Србите сè уште не сфатиле дека и нив ги чека вакво „македонско сценарио“ со мигранти. ЕКСПО 2027 се приближува, ќе требаат „економски работници“ – помодерен израз за „легални“ мигранти, како што вели ДПМНЕ. Порака од нас, опозицијата: Падот ви следува наскоро, како и да го наречете! А можеме и да ви предложиме една формулација – демократска, мирна промена на системот напролет, токму тогаш кога Мицкоски, како што вети, ќе излезе од политиката. Таа ваша будимпештанска автократија си заминува – заедно со Орбан, но и со вашиот татко Вучиќ. Поздравете го Груевски, да не мисли дека сме го заборавиле, ниту него, ниту издржувањето на казната не е заборавено. Сега кога ќе му замине Орбан, нема каде да бега. Наскоро доаѓа авион по него. Можеби дотогаш ќе стигне и новиот владин авион што го нарачале за бегање, кога ќе ни донесат мигранти и ќе украдат сè од буџетската каса, до последен денар. Само нека проверат овие од најблискиот круг на Мицкоски колку седишта има новиот авион, за да знаат точно дали има место и за нив. Багажникот ќе биде полн – треба да се пренесе злато, кеш. А за сите вас што останувате, а веруваме дека ќе мора да останете сите, ние ќе ви ги обезбедиме истите услови како што им ги планирате на мигрантите: сместување (не мора да градиме), храна и се што следува во Идризово. Пасоши не ви требаат, тие веќе ги имате. Се надеваме дека нема да ви биде тесно. Сега има повеќе место – некои веќе излегоа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter