СДСМ: Средба на претседателот Заев со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со делегација од амбасадата на Р.Унгарија во земјава предводена од амбасадорот, Ласло Дукс .

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на С. Македонија во ЕУ, членството во НАТО, напредокот на земјава изминатите 2.5 години, спроведувањето на реформите, актуелната политичка ситуација во земјата односно престојните парламентарни избори во Април.

Претседателот Заев од своја страна го посочи позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава кој беше објавен денеска, како особено важен бидејќи во него се констатира значителен напредок во спроведените реформи, со препорака до Советот да се отворат преговори со Република Македонија.

Овој Извештај е уште една потврда за нашата посветеност на реформите кои се важни за државата и за иднината на нашата земја во Европската Унија, затоа што како држава, сторивме се за да ги исполниме потребните реформи и тоа го остваривме. Сега на ред е Советот на Европската Унија и Европскиот Совет, кои треба да го има предвид овој Извештај и методологијата што беше донесена и да ги отвори преговорите за членство со нашата земја.-истакна преседателот Заев.

Во однос на престојните парламентарни избори претседателот Заев истакна дека многу е важно тие да бидат регуларни, фер и демократски, затоа што тоа би било уште една потврда дека сме демократски зрела држава и нашето место е во Европската унија.

Како друга актуелна тема се постави и мигрантската криза, особено по отворањето на границите од страна на Р.Турција и очекувањата на зголемен прилив на мигранти и кон нашата земја и справување со целата таа ситуација, на што од страна на претседателот Заев беше посочено дека нашата држава е подготвена за ситуацијата и е во постојана координација и со Р.Грција и Р.Бугарија но и отворена за соработка со земјите членки на ЕУ, иако сеуште не е членка ,сепак стои отворена за насоки и стратегии во поглед на справување со истата.

Амбасадорот на Р.Унгарија во државава, Ласло Дукс истакна дека Р.С.Македонија има огромна поддршка од Р.Унгарија во поглед на нејзината евроинтеграција, тоа веќе го потврди и на самитиот во Октомври минатата година, така ќе биде и овојпат во Март и искрено се надева дека земјата ќе го добие конечно датумот за почеток на преговори.

Двете страни се согласија дека двете земји отсекогаш имале добри и пријателски односи и тоа ќе продолжи и во иднина и во насока на економска соработка и можни инвестиции на Р.Унгарија во Р.С.Македонија.

Скопје, 2 март 2020

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Во стан на Американка се пронајдени замрзнати тела на нејзините бебиња- нема да ѝ се суди

Мајката на четири бебиња, пронајдени во замрзнувач во стан во Бостон пред повеќе од една година, нема да се соочи со обвинение.

Последниот извештај покажува дека се уште има „многу неодговорени прашања“ за тоа што се случило со бебињата, пренесува CBS.

Окружниот обвинител на округот Сафолк рече дека не верува дека случајот против Алексис Алдамир може да оди на судење. Братот на Алдамир и неговата сопруга повикале полиција откако ги пронашле „замрзнатите“ бебиња на 17 ноември 2022 година додека го чистеле станот во Источен Бродвеј во кој Алдамир живеела од 1982 година.

Истрагата покажала дека Алдамир е мајка на бебињата, две момчиња и две девојчиња, пронајдени во замрзнувачот. Алдамир сега живее во здравствена установа. Инспекторите тврдат дека за време на сослушувањето таа „изгледала збунето и не разбирала каде е и со кого разговара“.

Лекарот не можел да утврди дали бебињата се родени живи или колку долго биле замрзнати, се вели во извештајот. Причината за смртта е наведена како „неодредена“. Во извештајот се наведува дека немало знаци на траума или очигледни повреди, а ниту траги на храна или млеко во стомакот на бебињата.

На сите четири бебиња сè уште им била прикачена папочната врвца. Бебињата биле пронајдени во кутии за чевли и биле завиткани во фолија. ДНК тестот го идентификувал таткото на четирите деца, но тој починал во 2011 година. Инспекторите рекле дека тој и Алдамир имале уште едно дете заедно, кое го дале на посвојување.

Алдамир работела за сметководствена фирма во Бостон од 1980 до октомври 2021 година, се вели во извештајот. Нејзините колеги ја опишале пред инспекторите како „вредна работничка која ретко одеше на одмор“.

„Тие рекоа и дека била дебела жена која има склоност да носи широка облека без оглед на сезоната. Во ниту еден момент ниту еден од соработниците на Алдамир не знаеле дека е бремена“, се вели во извештајот.

Окружниот обвинител на округот Сафолк, Кевин Хејден, ја нарече истрагата „една од најкомплексните, невообичаените и најзбунувачките што ги сретнал неговата канцеларија“. Во образложението на одлуката да не се обвини Алдамир, во извештајот се вели дека обвинителите не можеле да докажат дека бебињата биле живи и не верувале дека Алдамир била компетентна да ѝ се суди.

„Никогаш нема да знаеме точно каде и кога се родени четирите бебиња пронајдени во станот на Алексис Алдамир. Никогаш нема да знаеме дали четирите бебиња се родени живи и никогаш нема да знаеме точно што се случило со нив. Никогаш нема да знаеме како Алексис Алдамир ја криеше бременоста или зошто се реши на тоа“, заклучил Хејден.

Првите пресуди за масакрот во училиштето во Белград се можни до крајот на годинава

Адвокатот Огњен Божовиќ, претставник на семејствата на убиените ученици во ОУ „Владислав Рибникар“ вечерва изјави дека судската постапка во врска со масовното убиство во тоа училиште се одвива многу ефикасно .

Адвокатот Огњен Божовиќ, претставник на семејствата на убиените ученици во ОУ „Владислав Рибникар“ вечерва изјави дека судската постапка во врска со масовното убиство во тоа училиште се одвива многу ефикасно и дека се надева дека можеби дури и до до крајот на годината ќе имаме пресуди, особено во парничната постапка.

Сепак, тој истакна дека пресудите, какви и да се тие, нема да претставуваат задоволување на правдата, објави Телеграф.

На одбележувањето на првата годишнина од масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, во рамки на специјалната програма „Будење“, Божовиќ рече дека не е сигурен дека ќе добиеме одговори на прашањата што нѐ мачат за трагедијата.

„Се надевам дека ќе го направиме тоа, ќе се потрудиме да разбереме зошто, но на крајот на денот мислам дека нема да заврши со фер задоволство, за жал. Едноставно загубата е толку огромна, а неправдата е толку голема што не сум сигурен дека нешто може да ја исправи“, рече Божовиќ.

Жена запали Куран во Малме, на ден пред почетокот на Евросонгот (ВИДЕО)

Маж и жена запалија копија од Куранот во шведскиот град Малме, ден пред почетокот на Евровизија.

Денеска во живо на TikTok беше емитувана видео снимка на која се гледа како две лица ја палат муслиманската света книга. Жената носеше крст.

За време на инцидентот недалеку од двете сали каде што ќе се одржува Евровизија, беше запалено и палестинско знаме. Шведската полиција е критикувана поради тоа што дозволила да се запали Куранот толку блиску до големиот настан.

Палењето на Куранот во Данска и Шведска минатата година предизвика лути реакции, а понекогаш и насилни протести во земјите со мнозинско муслиманско население, но во Шведска тој чин потпаѓа под законот за слобода на говор и е легален.

Почнувајќи од утре, во овој јужен шведски град ќе се одржуваат една недела со бројни концерти и забави, кои ќе кулминираат со големото финале на Евровизија на 11 мај. Се очекува 100.000 луѓе да го посетат Малме за време на неделата на Евровизија.

Покрај музичките настани, најавени се и неколку протестни акции поради војната во Газа, меѓу кои и пропалестински и произраелски протести. Вчера Советот за национална безбедност на Израел ги заостри предупредувањата за патување во овој шведски град. На Израелците кои планираат да го посетат Малме им се советува да ја преиспитаат својата одлука, се вели во извештајот.

Шведските уметници повикаа Израел да биде исклучен од Евровизија поради војната во Газа, но организаторите одбија. Иако Израел не е европска земја, му е дозволено да учествува на Евровизија бидејќи јавната телевизија на Израел е членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Евровизија е најголемото музичко натпреварување во светот. Откако минатата година на натпреварот победи шведската пејачка Лорин, овогодинешниот домаќин на настанот е Шведска. Полуфиналните натпревари ќе се одржат на 7 и 9 мај, при што ќе бидат елиминирани 11 од 37 учесници, додека во финалето ќе учествуваат 26 земји.

притисни ентер