Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
1Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
МакедонијаСДСМ: Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздухНема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери, Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздух,.Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери, Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздух, се вели во соопштението од СДСМ. Граѓаните Скопје секојдневно го дишат најзагадениот воздух во Европа. И додека граѓаните, децата, младите, хронично болните, повозрасните се изложени на сериозни здравствени ризици, за власта тоа не е приоритет. Скопје е втор најзагаден град во Европа ама власта нема пари за мерки и политики против загадениот воздух. Пари има само наместени и криминални тендери. АКТ го откри овој корупциски систем преку кој милиони евра пари на граѓаните завршуваат кај фирми блиски до власта преку наместени тендери. Една фирма земала 161 тендер, втора фирма со само двајца вработени земала 9 милиони евра за една година. Тоа се приоритетите на власта на ДПМНЕ а не здравјето на скопјани. Корупцијата го јаде секој сегмент на нашето општество а штетите се огромни и опасни по здравјето. Мора да се стави крај криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ, да прекине грабежот а парите да се насочат кон граѓаните и кон нивните потреби. Сите ќе одговарате! Работата не е завршена.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во ОхридВо завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи. Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии. “Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува. Некаде за два месеци од денес ќе имаме аеродром кој што ќе изгледа како вчера да се изградил, целосно ново решение, проширување на терминалната зграда, проширување на делот за слетување, проширување на делот за полетување, значи за патници на доаѓање, патници на заминување што дополнително ќе значи голем економски стимул. Ако на тоа го ставиме и автопатот Охрид-Кичево, делот кој што води до аеродромот, гледате дека веќе е завршен, за брзо време ќе имаме отварање на нови делници од овој автопат, тоа значи една целосна преродба за целиот регион. Би сакал тука да се заблагодарам на Изведувачите за одличната работа тука на аеродромот и за работата на популарната Воена болница, градската болница во Скопје, каде што за прв пат се случи реконструкција по нејзината градба и во моментов имаме најмодерна болница буквално од Атина до Виена” истакна Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Автобусот со фудбалерите на Курасао хит на социјалните мрежиСтотици навивачи на Курасао ја прославија победата на фудбалската репрезентација од 4-0 против соседот Аруба во пријателски натпревар.Тоа беше последен тест за 82-ро рангираната репрезентација во светот според ранг-листата на ФИФА пред да замине за Соединетите Американски Држави, каде што малата карипска нација ќе се натпреварува на своето прво Светско првенство. Курасао инаку ќе биде најмалата држава која некогаш учествувала на Светско првенство. На социјалните мрежи кружи видео од пристигнувањето на репрезентацијата на стадионот во главниот град Вилемстад. Тие пристигнаа во шарен автобус без прозорци, со музика, а играчите го удираа автобусот во ритам. Прославата започна на преполниот стадион „Ергилио Хато“ во Вилемстад, каде што речиси 15.000 гледачи, или секој 16 жители на Курасао, беа сведоци на убедливата победа на својот тим. Old-school bus. No windows. Music playing. Curaçao‘s team bus arrival is unmatched. pic.twitter.com/mj1OuLKD0m — Sports Illustrated FC (@SI_FootballClub) June 7, 2026 Со површина од 444 квадратни километри и население од околу 160.000 жители, Курасао стана најмалата земја во историјата што се квалификувала за Светското првенство. Курасао е аутсајдер во група во која се Германија, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАндоновски: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци11:34Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
МакедонијаФилипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо стравСДСМ останува доследен на суштинските вредности на социјалдемократијата, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв и поддршка за обичниот човек, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќањеСДСМ останува доследен на суштинските вредности на социјалдемократијата, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв и поддршка за обичниот човек, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава-твоја шанса“. Филипче потенцираше дека најважни се темелите и принципи врз кои е изградена социјалдемократијата и јасна определба за политики што ќе обезбедат еднакви шанси, социјална правда и достоинствен живот за граѓаните. „СДСМ се држи до суштината на социјалдемократијата: правда наместо привилегија, солидарност наместо страв, фер оданочување наместо товар врз трудот, силни институции наместо партиска држава и европска иднина наместо националистичка магла“, рече Филипче. Во своето обраќање, Филипче нагласи дека социјалдемократијата е идеја што го става човекот во центарот на политиките и се грижи за оние на кои им е најпотребна поддршка. „Социјалдемократијата е длабоко човечка идеја. Таа почнува од едно едноставно, но големо убедување: дека државата не постои за силните да станат уште посилни, туку за послабите да не останат сами. Дека слободата без еднаква шанса е привилегија. Дека пазарот без правила станува џунгла. Дека профитот без одговорност станува алчност. Вистинската социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по висината на платата, по правото на лекување, по квалитетот на училиштето, по достоинството на пензионерот, по сигурноста на работникот, по шансата на младиот човек да остане дома не од инает, туку од надеж. Таа не верува во милостина, туку во праведност“, рече претседателот на СДСМ. Скопје, 07.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter