СДСМ:Се грижиме за секое работно место, обезбедени нови 8 милиони евра за поволни кредити за фирмите

Спас на секое работно место, помош на секоја компанија е наша задача и цел која ќе ја исполниме.

Пакетот економски мерки што ги донесе Владата на Република Македонија предводена од СДСМ им овозможува на работниците, занаетчиите, на малите и средните претпријатија да го пребродат најтешкиот период, кога трпат загуби поради здравствената криза.

Спас на секое работно место, помош на секоја компанија е наша задача и цел која ќе ја исполниме.

Владата обезбеди дополнителни 492 милиони денари, односно дополнителни осум милиони евра за директно кредитирање на микро, мали и средни компании чија економска дејност е погодена од корона вирусот.

Веќе се реализира и вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14.500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14.500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.

Со цел да помогнеме во надминување на последиците од кризата, Владата донесе и Уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.

Обезбедено е и ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година, за правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за справување со КОВИД–19.

Ова се само мал дел од мерките кои имаат за цел помош на домашните претпријатија, помош за секое работно место. Се подготвува и нов пакет на суштински мерки и политики кои ќе обезбедат дополнителна помош за домашната економија.

Со одговорно и домаќинско работење, ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме со што помали последици врз стопанството.

Со почит,

Скопје,22 април 2020

СДСМ

Цел град во мрак: Невреме го покоси Хјустон, најмалку четворица загинати

Четири лица загинаа во силно невреме во градот Хјустон во американската сојузна држава Тексас.

Две лица загинаа кога врз нив паднаа дрвја, кои беа соборени од ветрот, кој за време на невремето достигна брзина и до 160 километри на час, пренесува АП.

Без струја останаа околу 870.000 потрошувачи. Невремето собори дрвја и искрши прозорци на високи згради, а локалните власти ги повикаа жителите да останат внатре.

Голем дел од центарот на Хјустон и неговата комерцијална област беа покриени со урнати далноводи и стакло од скршените прозорци по невремето, а сообраќајот и уличните светла беа исклучени низ градот, рече градоначалникот Џон Витмајер во интервју за локалната телевизија.

Зборувајќи од центарот за итни операции во градот, Витмајер рече дека невремето го погодило Хјустон, на брегот на Персискиот залив во југоисточната американска држава Тексас и најнаселен урбан центар во државата, со ветрови од 129-161 километар на час.

Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори

Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција.

Меѓу 25 и 26,5 отсто е рејтингот на грчката владејачка партија Нова демократија во пресрет на европските избори на 9 јуни и е стабилна на првата позиција, со предност од 13 до 15 проценти пред опозициската СИРИЗА, според истражувањата на јавното мислење во Грција, спроведени од агенциите „MRB“ и „Pulse“ за грчките телевизии „Опен“ и „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција.

На прашањето дали ќе гласаат на евроизборите, 74 отсто од анкетираните на едната и 83,5 проценти од другата анкета одговориле позитивно.

Анкетата на „Pulse“ за „Скај“ била спроведена помеѓу 13 и 15 мај 2024 година со учество на 1.104 гласачи, додека пак истражувањето на „MRB“ за „Опен“ од 10 до 14 мај со анкетирани 1.100 лица.

Полската армија нуди летни кампови како алтернативна сезонска работа

 Војската на Полска ја проширува доброволната програма за воена обука за граѓаните и воведува летни кампови, со цел да регрутира војници со скратено работно време во неизвесните времиња по руската инвазија врз Украина.

- Првпат летово стартува програмата наречена „Одмор со армијата“, соопшти полското Министерство за одбрана.

Мажите и жените на возраст од 18 до 35 години, кои имаат полско државјанство можат да се пријават за 27 дена основна воена обука во една од 70-те воени бази, за што ќе добијат плата од 1.520 долари.

- Понудата првенствено е наменета за матуранти, но и за студенти и лица кои бараат работа за време на празниците. Воениот рок може да стане алтернатива на сезонската работа, се наведува во соопштението.

Обуката ќе се состои од гаѓање, ориентација на терен, блиска борба, ракување со радиоопрема и воени возила.

Граѓаните кои ќе ја завршат програмата можат да одлучат дали ќе станат професионални или резервни војници или членови на волонтерски единици за национална безбедност.

Понудата е дел од проширувањето на еднодневните цивилни курсеви кои се организираат од 2022 година под името „Тренирај со армијата“ и се многу популарни.

притисни ентер