Во Скопје утре прв „Dog Fest" - Канал 5

Во Скопје утре прв „Dog Fest"

Во Скопје утре ќе се одржи првиот „Dog Fest", настан замислен како дружба за сите љубители на кучињата. Целта е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво. 

Во Скопје утре прв „Dog Fest"

Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња. „Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези.

- Добредојдени се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република Индија

Чест е моја, денес да бидам домаќин на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму и на претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченото откривање на бистата на Махатма Ганди во Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски домаќин на делегацијата од Република Индија

Во името на Град Скопје, на претседателката на Индија ѝ посакав срдечно добредојде во нашиот град.

На овој свечен настан во Музејот на град Скопје, со поставувањето на бистата на Махатма Ганди, Скопје добива траен потсетник на вредностите што тој ги застапуваше - мирот, ненасилството, слободата, вистината и моралната храброст.

Неговото наследство нè потсетува дека најголемите промени започнуваат со почитта кон човекот и со уверувањето дека дијалогот секогаш е посилен од поделбите.

Овој чин има особено силна симболика токму во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза.

Иако нивните мисии биле различни, Махатма Ганди и Мајка Тереза ги обединува една универзална порака дека човечноста, љубовта, сочувството и грижата за другиот се најголемата сила што ја поседуваме.

Скопје е град кој длабоко ја познава вредноста на солидарноста.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, нашиот град ја почувствува подадената рака од целиот свет.

Токму затоа денес продолжуваме да градиме мостови на пријателство, меѓусебна почит и соработка меѓу народите.

Силно верувам дека овој значаен настан ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на пријателството меѓу Македонија и Индија и кон отворање нови можности за соработка во културата, образованието, науката и поврзувањето на нашите народи.

Нека ова спомен-обележје биде траен симбол на вредностите што нè обединуваат и порака дека мирот, човечноста и пријателството немаат граници.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати

 Генерал-мајорот Михајло Драпатиј го потврди своето назначување за врховен командант на Вооружените сили на Украина, што вчера го објави претседателот Володимир Зеленски.

Се огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати

„Му благодарам на претседателот на Украина за укажаната доверба, на министерот за одбрана за поддршката и на Одбранбените сили за новата фаза од службата“, напиша Драпатиј.

Тој истакна дека служењето на Украина за него отсекогаш претставувало чест и дека за време на војната за независност тоа значело „апсолутна одговорност“.

„Му благодарам на врховниот командант на Вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, за неговата доследна работа на зајакнувањето на украинската војска. Јас израснав во неа“, напиша Драпати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија

Младите масовно ја напуштаат Македонија. 

СДСМ: Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија

Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив.

Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата.

Неговото семејство е со обезбедена европска иднина, бугарски пасоши, додека на младите им продава дека Македонија треба да биде слепо црево на Балканот и Европа.

Со парите на граѓаните, прво преку Груевски и Мијалков, а сега директно преку Мицкоски, Латас се богати. Имот, пари.

Во исто време, Мицкоски на суд ги ослободува Латас и Груевски, им враќа имот стекнат со криминал и ја штити целата својата криминална организација ВМРО-ОКГ.

Ова е Македонија што ја нудат Мицкоски и Латас.

Додека Латас се капе во парите на граѓаните, а Мицкоски носи часовници од по 65.000 евра, обичните граѓани крпат крај со крај.

Работниците не добиваат зголемување на минималната плата, земјоделците тонат во проблеми, а граѓаните се трујат со вода затоа што институциите не ја вршат својата работа.

Сè е сведено на тендери. Деновите поминуваат од тендер до тендер, а задолжувањата паѓаат на грбот на идните генерации.

Во Македонија на Мицкоски и Латас, само тесниот круг на „елита“ - дел од ВМРО, некои „независни“ новинари и по некоја Ивона, живеат како холивудски ѕвезди.

Сите останати или сонуваат за подобар живот, или го бараат во странство.

Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија.

Не сакаат да живеат во земја каде криминалците и медиумските манипулатори се заштитени, а обичниот граѓанин е оставен на себе.

Но, оваа Македонија не е нивна.

Народот ќе победи. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните.

Ќе победи вистината и правдата.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

Скопје, 22.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер