Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој објави оглас на кој жените –земјоделки, до 26 декември, може да се пријават за грант неповратни средства, во висина од 3000 евра.
Целта е да се мотивира и да се обезбеди зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство и создавање на поголема додадена вредност во земјоделското производство.
Претходно, со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, овозможуваме дополнителна помош и за младите земјоделци со воведување на дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра.
Се унапредуваат и се поедноставуваат условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.
Земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат.
Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ.
Градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците.
СДСМ – Центар за комуникации