СДСМ: Пресудата за „Рекет" потврдува дека правда и одговорност има за секој, очекувам правна разрешница и за случаите на СЈО

Добро е што дојде време и сме среќни денеска што имаме пресуди за вакви крупни случаеви кои што се отворија во државата.

П: Господине Николовски предмалку или можеби уште е во тек пресудата за случајот „Рекет" каде што Катица Јанева и Бојан Јовановски добија седум и девет години, меѓутоа онака како што пренесуваат порталите кои што се присутни таму на судењето велат била интересна изјавата на Бојан Јовановски, којшто посочил дека парите од рекетот требало да се бараат кај лидерот на вашата политичка партија и неговиот брат. Па чисто коментар околу оваа работа.

О: Па тоа ја потврдува впрегнатоста на ВМРО-ДПМНЕ за која што слушнавме со кого Мицковски седел, разговарал во претходните месеци и години и поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со целокупниот случај. Да не мисли дека некој ќе го спаси од одговорност. Добро е што дојде време и сме среќни денеска што имаме пресуди за вакви крупни случаеви кои што се отворија во државата. Тоа потврдува дека правда и одговорност ќе има за секој во државата, за било кој коишто ќе се огреши. Очекувам сега натаму лично целосна разрешница на сите случаи, над триесет во коишто е вклучено и целото актуелно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на многу структури. Да расчистиме еднаш со правдата со остатоците од режимот, да има одговорност и за „Талир" и за „Империја" и за било кој случај за коишто се збори во јавноста имаше постапки. Законот за Јавно обвинителство коишто стапува на сила тоа силно го овозможува. Заради тој закон добивме денеска и силна потврда и поддржа од Европската Унија. Заради тие процеси во државата доаѓаат одлични години, доаѓа еден убав период во коишто ќе ги трансформираме институциите и ќе одиме напред, а и ќе преговараме со Европската Унија. Тоа беше сон на многу генерации и сум среќен како генерација на млади политичари што денеска сме дел од таа генерација од тоа време во коешто направивме крупни чекори и во коешто има одговорност и правда за секој. Тоа го потврдуваат денешните пресуди коишто ги слушнавме.

Тошковски во посета на системот за видеонадзор на сообраќајниците „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“.

Во рамки на посетата беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.

-Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна.

Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, изјави министерот Тошковски.

Во иднина, додаде, треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи, како што оцени, е од круцијално значење за обезбедување поволна безбедносна состојба.

Ирански имам бил жив еден час по несреќата- се обидувал да го сласи претседателот

Еден од патниците на хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, Ебрахим Раиси при падот на леталото во северозападниот дел на Иран, по несреќата сè уште бил жив околу еден час и се обидувал да повика помош.

Според извештаите на медиумите, имамот Мохамед Али Ал-Хашем од Табриз живеел цел час по несреќата и се обидувал да стапи во контакт со канцеларијата на претседателот Раиси, рече Мохамад Нами.

„Не беа потребни ДНК тестови за да се идентификуваат патниците“, вели Нами.

Во хеликоптерската несреќа загинаа вкупно девет лица, вклучително и екипажот на летот.

Близначки си ги замениле работните места- ги фатиле поради наивна грешка (ВИДЕО)

Тиктокерката Ари Шанс се најде во неволја по нередот што го направила на работа.

Инаку, таа е многу активна на социјалните мрежи каде открива детали од приватниот живот кои ги споделува со нејзината сестра близначка Ное.

Ари наводно решила да земе слободен ден, без одобрение, а нејзината сестра тргнала на работа.

Можеби сѐ ќе поминело без проблем доколку Ное не направи наивна грешка. Таа на мрежите ги објавила деталите за „измамата“, што не му избегало на газдата.

Како одговор, пристигнал лут мејл, пренесува New York Post.

„Да бидам јасен. Вашата одлука да ја вработите вашата сестра близначка како замена, откако вашето барање за отсуство беше одбиено, е целосно неприфатлива. Тоа е шлаканица за вашите колеги кои ги почитуваат правилата и за компанијата што ве вработи“, напишал менаџерот.

Потоа додаде:

„Овие постапки не само што лошо се одразуваат на вас, туку и ја нарушуваат репутацијата на компанијата. Ова ниво на непочитување на протоколот и пристојноста е шокантно и нема да се толерира“.

Шефот побарал од Ари да се извини, да понуди објаснување и да објасни како ќе ја поправи грешката.

Тој посочил дека секој следен случај на недолично однесување ќе доведе до сериозни последици, „вклучувајќи и дисциплински мерки“.

„Очекувам да ме контактирате за да го решиме ова огромно нарушување на довербата и професионализмот“, заклучил менаџерот.

@chance_twins WE MESSED UP 🥲🥲🥲🥲 @Chance Twins #fyp #twins #boss #work #greenscreen ♬ I Can Do It With a Broken Heart - Taylor Swift

Корисниците различно реагираа на приказната. Некои веруваа дека шефот „емотивно реагирал“, а имало и такви кои се сомневаат дека мејлот е автентичен.

притисни ентер