СДСМ: Предвремени избори нема да има, на редовните во 2024 Мицкоски ќе доживее нов пораз - Канал 5

СДСМ: Предвремени избори нема да има, на редовните во 2024 Мицкоски ќе доживее нов пораз

Во годината пред нас продолжуваат мерките и политиките за справување со последиците од светската криза, но и реформите важни за нашиот евроинтеграциски пат и затоа е важно сите институции да функционираат со целосен капацитет.

СДСМ: Предвремени избори нема да има, на редовните во 2024 Мицкоски ќе доживее нов пораз

Предвремени избори нема да има. Нема да има не затоа што СДСМ се плаши од нивниот резултат, туку затоа што имаме цели и задачи кои сме презеле обврска да ги реализираме до редовниот термин за избори.

Реформите на сите нивоа ќе се случат без разлика на јавните лелекања на Христијан Мицкоски со кои трага по свои сојузници во власта.

Граѓаните ќе ги препознаат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година, на претседателските и на парламентарните избори, ќе ги прокнижи седмиот и осмиот пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ретроградните сили кои сонуваат за враќање во минатото и одржување на статус кво во борбата против корупцијата, со единствена цел да си го заштитат нелегално стекнатото богатство, прават есап без крчма.

Напорите за достигнување на неселективна правда е поголемо и од СДСМ и од ВМРО- ДПМНЕ и од ДУИ!

Тоа е национална цел број еден која ќе биде испорачана заради иднината на нашето заедничко општество.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж со автомобил се забил во оградата на луксузниот дом на Бијонсе и Џеј-Зи

Дезориентиран возач е уапсен откако со автомобилот удрил во портите на луксузниот имот на музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон.

Маж со автомобил се забил во оградата на луксузниот дом на Бијонсе и Џеј-Зи

Шеесет и тригодишен маж, чиј идентитет не е откриен, со автомобил удрил во влезната врата на имот во сопственост на Бијонсе и Џеј-Зи во Ист Хемптон.

Според информациите од полицијата, возачот изгледал дезориентирано и не застанал пред затворената капија, туку продолжил да вози со голема брзина по пристапниот пат. Тој бил уапсен и пренесен во болница, а полицијата поднела пријава против него за неовластен упад на имот и предизвикување штета.

Детективот Џенифер Дан за „Page Six“ потврди дека 63-годишникот од Бронкс нема криминално досие. Таа објасни дека тој изгледал збунето на самото место, како и по неговото апсење.

„Тој не упати никакви закани ниту ги спомна имињата на станарите. Можно е случајно да ја избрал таа куќа, доколку во тој момент имал здравствени проблеми“, рече Дан.

Истрагата откри дека пред инцидентот мажот застанал пред друга куќа на истата улица.

Таму разговарал со сопственикот и се распрашувал за жена со одредено име. Откако му кажале дека таа не живее таму, тој продолжил понатаму. Сопственикот на таа куќа исто така ѝ потврдил на полицијата дека мажот изгледал збунето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење

Гостивар и натаму се справува со последиците од масовното труење..

Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење

. Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, а само во последните 24 часа имало 260 пријави на случаи со стомачни тегоби. Забраната за пиење вода во меѓувреме, останува на сила . Утринава на терен беше и министерот за здравство Сашо Клековски, а оценка за ситуацијата даде и премиерот Мицкоски .

Во Гостивар денеска беше Дејан Трајковски.

Неговиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ин мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски

Вчера на ден 17.07.2026, по кратко боледување почина Великанот на МОК, кајакарот Трајан Јовковски. 

Ин мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски

Погребот ќе се одржи утре на ден 19.07.2026 на гробиштата во Бутел од 9:30 - 10:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер