СДСМ: Прашањето е иднина или изолација, Мицкоски јавно да каже за што е

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ остануваат изолирани во антидржавното однесување преку кое по секоја цена се обидуваат да ја закочат македонската иднина.

Со решавањето на македонско-грчкиот спор се отвораат вратите за влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Конечниот Договор со Грција е за да може Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО и затоа реферндумското прашање е јасно и е едно и единствено.

Прашањето на референдумот е јасно - иднина или изолација и доколку Христијан Мицкоски има малку одговорност и сериозност, јавно ќе излезе и ќе каже за која опција навистина е.

Очигледно е, обединети се сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, а само Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изолирани и се против интергација. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски кој сака изолација, назадување и неизвесност. Сите политички чинители кои се за македонската иднина се одлучни и обединети, освен Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост.

Без разлика на антидржавното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија ќе ја искористат историската шанса за напредок. Ќе ја реализираат директната можност да бидеме рамо до рамо со големите сили, како Македонци со нашиот македонски јазик и идентитет, загарантирани и потврдени со конкретни членови во договорот од Преспа.

Никој нема да ја закочи македонската иднина. Македонците и граѓаните на Македонија ќе одлучат дека со нашиот македонски идентитет ќе станеме членка на НАТО и ЕУ и ќе го реализираме договорот со Грција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер