МакедонијаСДСМ: Потрошувачката кошничка порасна за 836 денари, власта нема решение за високите цениПоминаа десет месеци од како ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Десет месеци што беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните. Македонија економски не оди напред како што ветуваше ДПМНЕ во кампањата. Економијата е заглавена, стандардот е урнисан, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Владата наместо конкретни решенија, нуди измами и шминка. Потрошувачката кошничка само во март пораснала за нови 836 денари. Тоа е рекорден скок кој директно ги погодува семејните буџети. Денес, за да се покрие синдикалната минимална кошничка, потребни се речиси три минимални плати. Тоа значи дека едно семејство кое живее од минимална плата не може да си ги дозволи ниту најосновните трошоци – храна, лекови, сметки. Ниту задоцнетите замрзнати маржи од 10% не дадоа значителен ефект во контролата на растот на цените. Може да заклучиме дека Владата во својата прва година од владеење јасно им покажа на граѓаните дека ниту планира да ги штити од идните економски ризици, ниту има јасен план што ќе прави за да го подобрува стандардот. Ова е економски најнеспособната Влада која сме ја имале. Платите нема да растат како што растеа до минатата година, минималната плата нема да расте, а за цените Владата нема соодветна стратегија. Резултатот е оној кој го гледаме, систематско осиромашување на граѓаните. Владата најавува нов начин на пресметка на кошничката – наместо за четиричлено, ќе се пресметува за тричлено семејство, а одморот во странство и овошјето ќе се третира како луксуз и ќе се исклучат од калкулацијата. Тоа е класичен обид да се манипулира со реалноста. Наместо да ги намалат трошоците на живот, тие ја менуваат методологијата за да ја сокријат вистината. Се што се прави од страна на Мицкоски и ДПМНЕ е во насока за замајување на јавноста, ставање на розови наочари за сите поубаво да гледаат, наместо поубаво да живеат. Оваа Влада е толку многу фокусирана на лажен ПР, што нема време да се занимава со реални политики и да се справи со реалноста. Ветуваа економски бум, зборуваа дека Македонија ќе биде економски тигар, но само за една година покжаа дека немаат капацитет нитува да ја направат економско маче. Нема инвестиции, нема раст, нема визија. Проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд го потврдува тоа. Македонија се наоѓа меѓу земјите со најнизок економски раст во целиот регион. Само за Босна и Херцеговина има пониска проекција. За оваа година, ММФ прогнозира раст на БДП од 3,2 проценти и инфлацијата од 3,4 проценти. Ова значи дека реалниот економски раст ќе биде речиси нула и е јасен индикатор дека се полошо ќе се живее. Со платите граѓаните купуваат се помалку, животот е поскап, продуктивноста не се движи – а Владата тоа го продава како успех. Податоците за реализацијата на капиталните инвестиции се уште еден показател за неспособноста на оваа власт. До 8 април, реализирани се едвај 10% проценти од планираните капитални проекти. Тоа е дури за 50% помалку од истиот период лани, кога реализацијата изнесуваше 15,6 проценти. Тоа значи дека оваа Влада не носи нови инвестиции и не е способна да го реализира тоа што самата го испланирала. Дека работите економски не одат, се потврдува и преку низа други постапки на Владата. Зошто со месеци не се прави поврат на ДДВ? Фирмите се жалат дека повратот е целосно закочен. Зошто се доцни со платите за вработените во администрацијата? Зошто нема реализација на унгарскиот кредит за кој граѓаните плаќаат дебела камата? СДСМ нема да молчи пред оваа економска неправда. Како социјалдемократска партија, наш приоритет секогаш бил човекот – работникот, семејството, секој оној што живее од својата работа и се бори за подобро утре. Затоа бараме веднаш да се преземат мерки за справување со ценовната криза. Да се обезбеди раст на минималната и просечната плата, во чекор со растот на трошоците за живот. Да се вложува во продуктивноста, во капитални проекти, во реална економија – а не во лажни пресови и лажни слики. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Соопштение за јавност, прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка СДСМ: Со платите граѓаните купуваат се помалку, животот е поскап – економијата во пад „Оваа Влада не е само неспособна – таа е опасна за стандардот на граѓаните. Од ден на ден, народот живее се полошо, а Владата гледа само статистики, не гледа луѓе.“ – рече Кузеска. На прес-конференцијата, СДСМ го потенцираше контрастот меѓу реалниот живот на граѓаните и сликата што Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја прикаже. И покрај ветувањата за раст на платите и подобар живот, се случува спротивното: платите стагнираат, а трошоците растат. „Семејство со минимална плата не може да си дозволи ни храна, ни лекови, ни сметки. Тоа не е живот – тоа е борба за преживување“, потенцираше Кузеска. Дополнително, СДСМ предупредува дека новата пресметка на потрошувачката кошничка – со фокус на тричлено семејство и исклучување на 'луксузи' како овошје – е директен обид за манипулација. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во ЗелениковоЛокалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река. Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности. Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град. Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаМЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 годинаМакедонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања. Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети. Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири. Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност. Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година. Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНадал најави враќање на теренот! Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви. „Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“. Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари. „Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook