СДСМ: После ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ – повлекување на градоначалникот Сотир, внатрешни кавги и поделби - Канал 5

СДСМ: После ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ – повлекување на градоначалникот Сотир, внатрешни кавги и поделби

Паника и распад се случуваат во криминалната коалиција на власт.

СДСМ: После ЗНАМ се распаѓа и ВМРО-ОКГ – повлекување на градоначалникот Сотир, внатрешни кавги и поделби

После распадот на ЗНАМ и повлекувањето на пратеникот во Собранието, советничката во Прилеп, сега пукнатините и јавно се гледаат во ВМРО-ОКГ.

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се повлекува затоа што не сака да потпишува документи за бизнисите на Мицкоски.

Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање на фирми.

Иако ВМРО-ОКГ се обидува да ја сокрие вистината со смешни оправдувања дека не станува збор за повлекување туку за „боледување“, фактите зборуваат сами за себе.

Има се повеќе луѓе кои гледаат што се случува и не сакаат да бидат параван или потписнци на криминалните шеми на Мицкоски и неговата група.

Во исто време, во самото ВМРО-ОКГ владее целосен хаос, внатрешни кавги и сериозни поделби.

Мицкоски ги отстрани потпретседателите во ВМРО што е доказ колкава недоверба има во нив.

ЗНАМ, како сателитска групација создадена и контролирана од Мицкоски со единствена цел да му наштети на СДСМ, веќе се распаѓа. Сега истото му се случува и во ВМРО-ОКГ.

Луѓето почнуваат да сфаќаат дека биле злоупотребени и вовлечени во систем на криминал, злоупотреби и корупција за кој наскоро ќе мора да се одговара.

Сѐ повеќе членови и функционери и во ЗНАМ и во ВМРО се свесни дека по падот на Орбан започнуваат сериозни истраги за политичко-криминалните мрежи во регионот.

Свесни се дека наскоро и Христијан Мицкоски и неговата криминална група ќе бидат предмет на тие истраги а дека ќе дојде време за одговорност за целиот криминал.

Од правдата никој нема да може да избега.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. 

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK).

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“.

Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол.

YouTube video

Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“.

Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани.

Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите.

Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција.

Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание.

Орбан се огласи

Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него.

„Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем.

Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Британскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*.

Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено.

Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон.

Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане.

Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“.

Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*).

Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година.

Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението.

Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот

Славниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери.

„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот

Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот.

„Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите.

Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари.

Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“.

Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т

ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот.

Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“.

Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог.

Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари.

Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер