СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да помине - Канал 5

СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да помине

Групата што некогаш го водеше СДСМ. Денеска нов ЗНАМ 2.0. Андреј Петров. Игор Ивановски–Шема. Никола Ќуркчиев. Гордан Георгиев. Славјанка Петровска.

СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да помине

Истите луѓе што ја доведоа партијата до изборен пораз. Истата екипа што помогна да се направи ЗНАМ 1.0. Иста екипа што молчеше додека Мицкоски го делеше СДСМ.

Денеска таа екипа ја предава својата партија за тендерите на Мицкоски. Денеска за нив СДСМ вреди 1,6 милиони евра. Помалку од Дејвид Гета. За нив е само личен интерес.

Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.

Зошто некој би барал „реформи“ токму сега - кога СДСМ е единствената опозиција што се бори против организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски?

Зошто токму на денот кога им кажавме на граѓаните дека трговец со оружје - уапсен, со казна платена од човек од кокаински канал, му ја плаќа агендата на Мицкоски?

Токму кога објавивме дека ВМРО-ОКГ планира грабеж на националните ресурси. Кога го објавивме планот за рудниците.

Токму тогаш се јавува „Платформата“ и зборува за насилно преземање на СДСМ.

Луѓе што не се кандидираа за функции во партијата сакаат некого да сменат, себе да се постават.

И тоа од ресторан. Од хотел. Не од партија.

Истите што на претходниот собир седеа со луѓе што немаат никаква врска со СДСМ - членови на други партии и бараа промени кај нас.

Истите што не сакаа да влезат на вратата од својата партија на разговор, туку прават обид за пуч. Недемократски обид да ги преземат органите на партијата.

Истите луѓе кои ги водеа штабовите по изборните единици и изборната кампања. Кои изгубија. Истите тие кои доживеаја најголем историски пораз на СДСМ на изборите. Тие истите бараат реформи?!

Постои начин како се станува член, функционер и претседател. СДСМ има статут и демократски избор.

Така било секогаш. Така е и сега. Никој од кафеана, ниту од хотел нема да смени некого во СДСМ додека тој е со народот на терен се бори против организираната криминална група, бандата на Христијан Мицкоски.

Еднаш ја продадовте партијата. Овој пат нема да помине.

Џабе ви се орбановите медиуми што ве промовираат. Џабе ви се Латас и Ивона што ви ги туркаат текстовите за поддршка и соопштенијата на ВМРО-ОКГ.

Џабе ви се ботовите на СНС-платформите во служба на ВМРО-ОКГ. Џабе ви се 1,6 милиони евра што ви ги дава Мицкоски преку тендери.

Нема да помине. Џабе ви е сè. СДСМ постоел и ќе постои и после вас.

Одиме со народот до победа над овој криминален режим. Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните.

Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности:

„Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните.

Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори.

Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење.

Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Во петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска Коневска

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. корнфлекс од какао

250 гр. маргарин

200 гр. чоколадо за готвење

150 гр. шеќер во прав

150 гр. сусам

150 гр. сецкани ореви

8 големи лажици мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво.

Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер