СДСМ: Освен лаги и обиди за манипулации ништо ново од Трипуновски

Земјоделството и земјоделецот заживееја откако СДСМ дојде на власт, вклучени се и во третиот економски пакет,  ВМРО-ДПМНЕ со години ги газеше.

Погубните политики и неодговорното и потценувачко однесување кон трудот на земјоделците е обележје на ВМРО-ДПМНЕ кои цели 11 години го игнорираа земјоделскиот сектор и немаа никаков слух за потребите на земјоделците.

Времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено како време на уцени, закани и притисоци кон земјоделците , неисплатени субвенции и наталожени долгови.

Освен лаги и обиди за манипулации ништо ново ниту од дополнителниот заменик министер Трипуновски кој и самиот е вплеткан во нечесни игри и злоупотреба на службена должност.

Доаѓањето на СДСМ на власт значеше и подигнување на земјоделецот и земјоделството на едно повисоко ниво. Бројни мерки со цел помагање на земјоделецот, намалување на трошоците, навремен откуп и враќање на наследените долгови.

И во време на криза СДСМ не ги изостави земјоделците. Потврда за тоа се обезбедувањето на интервентната мерка од дополнителни три денари по килограм зелка од домашно производство, со цел стабилизација на пазарот со зелка, субвенции за задржување на женско јагне, како и обезбедувањето на средства во висина од 110 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година, кои ќе се искористат за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

И не само тоа, третиот економски пакет на Владата предводена од СДСМ е насочен кон уште поголема поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно производство и промоција на нови земјоделски култури.

Третиот пакет вклучува: поддршка на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка, платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта која опфаќа околу 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра, стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти со финансиска поддршка од 3,5 милиони евра, јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор, окрупнување на земјоделско земјиште, оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години, долгорочен закуп на пасишта, со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот. Со 3 милиони евра се овозможува финансирање на Старт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи. Преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра се овозможува модернизација на македонското земјоделството, со цел зголемување на конкурентноста и профитабилноста. При што, дел од средствата за овој пакет беа обезбедени преку ребалансот на буџетот за 2020.

Наспроти ова, ВМРО –ДПМНЕ ниту како власт ниту како опозиција не можат да се пофалат со ништо што направиле во интерес на земјоделството и земјоделците.

Во однос на безбедноста на храната, таа не е доведена во прашање. Официјалните контроли се спроведуваат без намален интензитет.

ВМРО-ДПМНЕ нека погледне колку пари издвојуваше за спроведување на програмите за безбедност на храната и здравствената заштита на животните. АХВ и со вака намален буџет има повеќе пари за спроведувањето на програмите отколку што издвојуваше ВМРО-ДПМНЕ кога раководеше со институцијата.

А во делот на директна поддршка и на подршка на рурален развој не се намалуваат средствата, туку напротив се зголемуваат , а има кратење на непродуктивни и нецелисходни трошоци во период на КОВИД 19 .

СДСМ била и останува на страната на интересите на граѓаните и државата, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои ќе останат истата таа режимска партија која гледа само личен профит на грбот на граѓаните.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа

Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили кои дејствуваат во Појасот Газа го пронашле телото на Рон Бинјамин, кој беше меѓу 252 лица заробени од палестински вооружени лица во нападот предводен од Хамас на израелска територија на 7 октомври минатата година, што ја предизвика војната.

Главниот воен портпарол на Израел, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Повикувајќи се на разузнавачки информации, војската соопшти дека сите биле убиени на 7 октомври.

Тројцата заложници, како што изјави Хагари се Шани Лук, Амит Бускила и Јицак Гелерентер. Тој рече дека тројцата биле на музичкиот фестивал Нова и биле убиени од борците на Хамас додека се обидувале да побегнат. Нивните тела потоа биле однесени во Појасот Газа. /МИА

Мироцветна порака и песна во Охрид и Струга со Цветин и Хорот „Вања Лазарова"

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата".

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата", вака е насловен денешниот настан кој ќе се одржи во Струга и Охрид, во организација на уметникот Живко Поповски- Цветин, Македонското здружение за култура обичаи и традиции "Гороцвет" и Хорот на Ансамблот „Вања Лазарова" од Скопје.

Тој ќе се содржи мироцветни цртежи, песна и поезија, и ќе се одвива во Паркот на поезијата во Струга и на Дрвениот мост, каде ќе се читаат познати стихови од славни учесници на Струшките вечери на поезијата- Ален Гинсберг, Томас Шапкот, Влада Урошевиќ, Матеја Матевски, Хјусто Хорхе Падрон, Десанка Максимовиќ, Булат Окуџава, Блаже Конески, Гилвик, Андреј Вознесенски, Генадиј Ајги и други...

Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, на 24 Мај, кој се слави во Охрид како патронат на градот, поезија и песна ќе се изведат и на брегот на Охридското езеро покрај спомениците на Браќата Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Григор Прличев.

Педесеттина златни грла од Хорот на ансамблот "Вања Лазарова" ќе одекнат, пеејќи познати македонски традиционални песни „Ја излези Ѓурѓо" на Стража, „На Струга дуќан да имам" во Струга, „По пат одам", „Железар", „Брала мома капини" и други во Охрид.

Хорот е под диригентство на маестро Лазо Трпковски - Ласко. /МИА

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини својот коалициски партнер, израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас".

Ганц на прес-конференција вчера рече дека неговата опозициска Партија на национално единство ќе се повлече од коалициската Влада доколку планот за повоено управување со Газа не биде консолидиран и одобрен до 8 јуни, што фрла сомнеж за иднината на израелската Влада.

„Ако Нетанјаху избере да ја одведе нацијата во пропаст, ние ќе се повлечеме од Владата, ќе се свртиме кон народот и ќе формираме влада која може да донесе вистинска победа“, рече Ганц.

Кабинетот на израелскиот премиер, одговарајќи на Ганц, соопшти дека барањата на Ганц се „празни зборови“ што ќе значат „крај на војната и пораз на Израел, напуштање на повеќето заложници, оставање на (палестинскиот) Хамас на власт и создавање палестинска држава“, пренесува „Тајмс оф Израел“./МИА

притисни ентер