СДСМ: „Одлично е сè“ – вели Мицкоски, а граѓаните ја плаќаат сметка за неговите бајки - Канал 5

СДСМ: „Одлично е сè“ – вели Мицкоски, а граѓаните ја плаќаат сметка за неговите бајки

Христијан Мицкоски повторно живее во својот паралелен свет на бајки и самофалби, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со реалноста што ја создаде неговата влада.

СДСМ: „Одлично е сè“ – вели Мицкоски, а граѓаните ја плаќаат сметка за неговите бајки

За секоја негова изјава имаме јасен и директен одговор:

• За задолжувањето: Мицкоски вели дека „сè уште не сме банкротирале“. Точно. Засега. Но, тој секојдневно ги задолжува нашите деца и внуци. Парите од новите долгови не одат за подобар живот на граѓаните, туку директно во тендерите на ВМРО-ОКГ. Буџетот се води од денес до утре. Само е прашање на ден кога државата ќе престане да може да се задолжува.

• За „мигрантите“ и „економските работници“: Мицкоски вели „нема мигранти“. Засега, бидејќи изборите се уште не се одржани. Но, тој тивко ги воведе преку задната врата. Го промени Законот за странци, ја смени терминологијата од „мигранти“ во „економски работници“ и за оваа година одобри 10.000 нови. Граѓаните најдобро ги гледаат на улиците, а отпуштените македонски работници најдобро знаат колку „економски работници“ им го зедоа работното место.

• За ИПАРД: Мицкоски вели „само шест месеци беше блокиран“. Само шест месеци?! Нека му го каже тоа на земјоделецот кој остана без субвенции, на кој му поскапе нафтата и ѓубривото, а субвенциите се намалени. Одлична ситуација, вели тој.

• За платите: Не даде зголемување на минималната плата, но остави пари во буџетот за купување нов авион. Администрацијата доби 7% зголемување и тоа го нарекува „историско“. Во исто време потрошувачката кошничка поскапе за 3.500 денари. Историски најдобро се живее, вели Мицкоски.

• За мерките за кризата: Цените отидоа до плафон, инвестициите паднаа за 60%, а тој не воведе ниту една мерка за заштита на граѓаните. Но продолжува да ни кажува дека сме „трета економија во Европа“. Сè е супер.

• За реформите: Има 10 чекори, некои ќе ги направи, некои нема. Кои точно? Не знае никој. Типично „шибицарско“ водење држава од дилетант.

• За тендерите, скапите часовници, авионите и „одбраната на идентитетот“: Пари има за тендери, за часовницу од 65.000 евра и за нови авиони. Граѓаните нека се караат за македонскиот јазик кој е признаен од целиот свет. Мицкоски „брани“ национален идентитет кој никој не го загрозува – додека самиот тој и половина од неговата партија имаат бугарски пасоши.

Во Македонија никогаш не било подобро.

Де факто и де јуре – историски најдобро.

Граѓаните ја знаат вистината.

Мицкоски може да продолжува да си раскажува бајки.

Ние ќе продолжиме да ја зборуваме вистината.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Редок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Кражба од пред еден век

Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко.

Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко.

Нова изложба во музејот „Конде“

Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници.

Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба.

Ретки розови дијаманти

Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато.

Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата.

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници.

Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив.

Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата.

Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер