СДСМ: Одговорните политики на СДСМ и Заев дадоа резултати, станавме 30. членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ

Стратешките и одговорни политики  што ги спроведе СДСМ во изминатите 2,5 години дадоа конкретни резултати. 

Република Македонија почнува преговори со Европската унија и стана 30. членка на НАТО.

Историската грешка е исправена, почнуваме преговори, Европската комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.

Во екот на борбата против коронавирусот, кога сите наши капацитети и мисли се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните и кон санирање на економските последици, ова е охрабрувачка порака дека само со напорна работа, труд и државнички одлуки може да се соочиме со предизвиците.

Ја ослободивме државата. Презедовме чекори и донесовме храбри одлуки за да ги решиме проблемите со соседите. Ставивме крај на расипништвото и на стравот. Ја ставивме економијата на здрави нозе. Ја внесовме земјата во НАТО. И еве сега почнуваме преговори со ЕУ.

Ваквите храбри и одлучни чекори ги преземаме и денес во борбата со опасниот вирус.

Европската унија е наш партнер, стигнува и сериозна помош за нашата земја во заедничката борба против коронавирусот. Европската Унија одвојува 66 милиони евра за С.Македонија.

50 милиони евра од ЕУ за економско-социјалното закрепнување, 9 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, 3 милиони евра директна буџетска поддршка, 4 милиони евра за итните наши потреби.

Благодарни сме на оваа помош и поддршка, затоа што заедно сме и посилни и секако заедно поуспешно ќе се справиме со сите предизвици.

Успеавме за само 2,5 години со мудри, државнички политики да станеме земја за пример. Иднината на земјата е обезбедена. Нема враќање назад, продолжуваме само напред. По влезот во НАТО, ја реализиравме и втората стратешка цел.

Подвигот на нашата татковина директно произлегува од тешките политики, државнички одлуки кои ги донесовме како Влада предводена од СДСМ и мнозинството пратеници во Собранието.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, без реформите и уставните измени, без Законот за јавно обвинителство немаше да биде возможен овој денешен успех.

Тоа се храбрите политички одлуки кои ги отворија вратите од чекалната во која седевме 15 години.

Иднината на С.Македонија е обезбедена и загаранирантирана, членка на НАТО и ЕУ!

Пред нас е предизвикот да се избориме со здравствената и економска криза предизвикани од коронавирусот, а потоа целосно да се посветиме на процесот на преговори.

Заедно ќе успееме, ќе се избориме со предизвиците и ќе започнеме преговори со Европската унија, последниот чекор кон полноправно членство во најголемото европско семејство.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Синдикатите ќе испорачаат неколку барања од првомајскиот протест

„На 1 мај во среда, во 11 часот, точно тука од пред зградата на работничкиот дом започнува традиционалниот првомајски протест кој ќе заврши пред Владата, каде што работниците ќе ги испорачаат своите барања.“

Зголемување на минималаната плата од најмалку 450 евра, со која следствено ќе растат и другите плати, враќање на трошоците за превоз и хранарина за работниците, потпишување на колективните договори, работничкиот дом да остане на работниците - се само дел од барањата кои синдикатите в среда ќе ги испорачаат до надлежните. Од ССМ велат работниците очекуваат дел од овие барања да се решат уште во првите 100 дена на новата Влада.

„Минималната плата мора да го следи трендот на минималната плата во регионот, особено поради Отворен Балкан поради моженоста во текот на летото нашите граѓани нашите работници да заминат да градат туѓи економиии во некој други држави. Минималата плата од 450 евра мора да се случи во првите 100 дена од новата Влада. Зборуваме за основни потреби на работниците, зборуваме кога државата планира да увезува работна сила, а за тиа да плаќаат и сметување и храна и превоз и се. - изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Под мотото „Ние работниците“ и оваа, втора година по ред на Сојузот на синдикати и Конфедерацијата на синдикални организации сполтени ќе маршираат по улиците.

„Работниците тоа го очекуваа од нас, синидкатите да покажат сериозен пристап и да се здружат особено за први мај, заедно да ги покажат барањата кои ги очекуваат од политичарите. Ова е чекор кој не се случил во минатото меѓутоа оваа година сите заедно кога ќе тргнеме оттука ќе бида навистина сериозна порака особено на 7 дена пред изборите. “

Синдикатите ги повикаа работниците што помасовно в среда да излезат на улиците и да го искажат своето незадоволство, од како што велат ниските плати, и притисокот за нивната егзистенција поради зголемените трошоци за живот.

НБО: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување.

Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

-Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република Македонија е најниска во регионот.

Од НБО посочуваат дека предходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса.

-Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, информираат од Националното биро за осигурување.

Ковачевски: Дигитализацијата останува еден од врвните приоритети СДСМ

Ги исполнуваме очекувањата на ИКТ индустријата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа состанок со претседателката на Собранието на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Анета Антова Пешева и со членовите на комората. На средбата се разговараше за економската состојба, за идните мерки за развој на економијата од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, со пособен фокус на мерките за дигитализација и поддршка на ИКТ компаниите и индустријата.

Ковачевски во изјавата за медиуми рече дека ИКТ индустријата е важна за економскиот развој на државата и и затоа поддршката за оваа индустрија и за дигитализацијата останува еден од приоритетите и во четиригодишната програма на СДСМ. При тоа Ковачевски, посочи дека мерките од програмата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина се поколопуваат со очекувањата на МАСИТ како комора која ги обединува компаниите од телекомуникациските и технолошките компании.

Ковачевски рече дека во програмата е планирано формирање на Агенција за дигитализација, која ќе биде отворена и за сите предлози, искуства и знаење на ИКТ индустријата, а планирано е и дигитализирање на процесите во државата во кои што треба да бидат достапни на најбрз начин за граѓаните. На средбата како кажа Ковачевски, се разговарало и за измени на Законот за работни односи, за да може да се воведат новини кои ќе бидат согласно тековните случувања во областа на дигитализацијата, особено во делот на работењето од дома и достапноста на технологиите за работниците на различните места освен на работното место.

Во следните четири години како што посочи Ковачевски ќе се стави силен фокус на дигитализацијата и на информатичко – комуникациските услуги преку формирање на е-бизниси и форамирање на посебна комисија во Собранието на Република Северна Македонија, која ќе биде исклучиво за дигитализација и на која што ќе се разговара за теми за вештачка интелегенција, дигитализација, а во која освен политичките партии ќе учествуваат и претставници на МАСИТ и други стопански комори, како и компаниите кои се водечки во развојот на ИКТ индустријата.

„Ние како Влада во измиантиот мандат имавме одлична соработка со МАСИТ во делот на поддршката на компаниите ги изедначивме македонските и странските компании, бидејќи во минатото само странските компании беа тие кои што беа во можност да добијат државна помош. Сега сите компании се изедначени. Македонските компании ја искористија таа можност во делот на развојот на нови услуги и работни процеси и технолиогиии, преку користење на таква помош. Веќе има неколку од нив кои го зголемија своето работење и производите кои ги произведуваат, како и бројот на вработените и својот обрт.Сите политики во иднина ќе бидат токму во оваа насока“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

притисни ентер