СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам? - Канал 5

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот ја чекаа својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство. 

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место.

Во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други континенти додека дома културата доживува финансиски колапс.

Ова не е културна политика. Ова е културна деградација.

Ова е ароганција и расипништво со партите на граѓаните.

Културата не е декор за туристичко позирање. Таа е жив систем кој бара посветеност, почит и вистинска грижа.

Додека Љутков патува, народот плаќа. Прашањето е: колку чинат екскурзиите на Љутков?

Зарем вредат патувањата во странство повеќе од тоа да се работи дома за да се решат проблемите во културата?, се наведува во партиската реакција.

Полицајците денеска излегуваат на протест, бараат повисоки плати

Независниот синдикат на полицијата денеска ќе излезе на протест на кој ќе бараат да се почитува законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.

Полицајците денеска излегуваат на протест, бараат повисоки плати

Протестот е закажан да се одржи пред судовите во Скопје, на крстосницата кај „Мавровка“.

Од Независниот синдикат велат дека поддршка ќе имаат и од нивните колеги од полициските синдикати од Република Црна Гора и Република Србија.

„Утре е денот кој го поздравија и поддржаа речиси сите балкански полициски синдикати, освен нашите таканаречени, кои не собраа храброст ниту да го споделат повикот за протест. Утре е денот кога синдикалци од Црна Гора и србија ќе патуваат по неколку часа да застанат рамо до рамо со нашите колеги и да дадат поддршка, а нашите ‘синдикалци’ ќе се кријат по канцелариите од колегите на кои од утре ќе треба да им објаснат зошто постојат и зошто не се одзваа на поканата“, се вели во повикот за протест објавен на фејсбук-страницата на Независниот синдикат.

Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел

Српските студенти кои на 25 април од Нови Сад го започнаа штафетниот ултрамаратонот низ Европа, попладнево пристигнуваат во Брисел. 

Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел

Во рамки на ултрамаратонот насловен „Од Нови Сад до Брисел - Патување од 1.950 километри за правда“, 21 студент од Србија, пред да стигнат до Белгија, со штафетно трчање минаа низ Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Луксембург.

Маратонот е дел од шестмесечната кампања за барање одговорност и правда за 16-те загинати при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

Предвидено е за време на престојот во Брисел студентите-маратонци да се сретнат со претставници на повеќе европски институции за да разговараат за „нивните барања за одговорност, правда и демократија“.

Студентската иницијатива, што започнаа со 16-минутен протестен молк во чест на 16-те изгубени животи на железничката станица во Нови Сад, изминативе месеци прерасна во масовно протестно движење со барање одговорност за трагедијата, транспарентност во работата на државните институции и крај на системската корупција во Србија. /МИА

Британската Влада ќе претстави план за намалување на имиграцијата

Британската лабуристичка Влада денеска ќе претстави патоказ со „радикални мерки“ за намалување на имиграцијата, во време кога крајната десница бележи раст во анкетите и зазема сè поцврсти позиции во земјата.

Британската Влада ќе претстави план за намалување на имиграцијата

Премиерот Кир Стармер во текот на претпладнево ќе се обрати на прес-конференција, малку пред министерката за внатрешни работи Ивет Купер да го претстави патоказот во Парламентот.

„Ќе ги заостриме сите аспекти на имиграцискиот систем, вклучувајќи ги работните визи, визите за семејно обединување и студентските визи, за да можеме подобро да ја контролираме имиграцијата. Правната регулатива ќе биде построга од кога било досега, а бројот на имигранти ќе се намали“, се очекува Стармер да каже, според извадоци од неговиот говор објавени од Даунинг стрит..

За да се гарантира дека странците кои сакаат да се населат во Обединетото Кралство „заслужуваат“ да останат, ќе се заострат условите за добивање постојан престој. Од сега, ќе биде потребен престој од десет години, наместо сегашните пет.

Целта е да се намали бројот на нискоквалификувани работници, што ќе резултира со намалување на годишниот прилив на нископлатени работници за 50.000, изјави министерката Купер.

- Нашиот систем со години ги охрабруваше компаниите да увезуваат нископлатени работници наместо да инвестираат во младите. Ова мора да се промени, рече Стармер, нагласувајќи дека сака „јасно раскинување со минатото“./МИА

притисни ентер