СДСМ: Новите мерки се неопходни за колективна заштита на здравјето - Канал 5

СДСМ: Новите мерки се неопходни за колективна заштита на здравјето

Мицкоски да престане да поткопува и да повика на вакцинација.

СДСМ: Новите мерки се неопходни за колективна заштита на здравјето

Растот на новозаразени случаи од ковид вирусот повикува на одговорност и разум од секој поединец, од целото општество.

Од исклучителна важност е што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период и да не наседнуваат на лажни информации.

Вакцините се најефикасната алатка за справување со пандемијата и докажано штитат од тешки форми на болеста „Ковид-19".

Апелираме до сите граѓани, кои досега не се имунизирале да го сторат тоа побрзо. Да се упатат до најблискиот вакцинален пункт и да го најдобриот можен чекор за да го заштитат своето и јавното здравје.

Теориите на заговор и дезинформациските кампањи кои ги пласираат разни центри, кои ги одвраќаат луѓето од имунизацијата и создаваат недоверба кон науката и медицината се на штета на граѓаните.

Затоа, да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да дадеме свој придонес во оваа борба која е заедничка за целиот свет.

Пред да дозволиме дополнително влошување на состојбата, мора да стапат на сила новите рестриктивни мерки. Во исто време, сите граѓани треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Новите мерки се донесени исклучиво во насока на заштита на јавното и колективното здравје кои се наш приоритет.

Нивната цел не е да го „делат народот" како што неодговорно вели Христијан Мицкоски, туку се неопходни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем.

Мицкоски останува политички и здравствен пироман се додека седи настрана, се додека го гледаме во кафани и теретани и ја игнорира маката на народот.

Наместо да го поткопува здравствениот систем, Мицкоски треба да излезе и да ги повика граѓаните да се вакцинираат и да ги почитуваат мерките.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа.

ОЈО: Приведен висок функционер со обележани 17 500 евра

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник директорот на Царинската управа кај кого се пронајдени обработени парични средства во износ од 17.500 евра.

Според првичните сознанија парите биле побарани како поткуп со цел во две постапки пред Царинската управа да го употреби своето реално влијание и наводно да помогне.

Детали од настанот обвинителството ќе сподели во текот на утрешниот ден, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стрелање, дресирање орли, коњски трки- во Киргистан се одржаа номадски игри со учесници од цел свет (ВИДЕО)

Стрелци на коњи, кротители на орли и коњички тимови се собраа во Киргистан оваа недела за шестото издание на Светските номадски игри.

Стрелање, дресирање орли, коњски трки- во Киргистан се одржаа номадски игри со учесници од цел свет (ВИДЕО)

Меѓународниот настан, што се одржува во планинскиот регион околу езерото Исик-Кул, е посветен на спортските традиции на номадските народи, објавува Кликс.

Организаторите изјавија дека спортисти од 104 земји се регистрирале за овогодинешното натпреварување, кое комбинира спортски дух со вековни обичаи.

Учесниците дојдоа од целиот свет, вклучувајќи ги Австралија, Бразил, САД, Канада, Обединетото Кралство, Германија, Индија, Иран, Кина, Турција, Русија и Украина.

YouTube video

Во една од најатрактивните дисциплини, мажи и жени гаѓаа цели од коњи, додека јавачите галопираа низ арената со голема брзина и испукуваа стрели.

Во близина на брегот на езерото Исик-Кул, натпреварувачите се натпреваруваа и во кок-бор, традиционален коњички спорт кој често се опишува како средноазиска верзија на поло. Во оваа игра, јавачите се натпреваруваат за труп од коза или негова реплика, обидувајќи се да го фрлат во голот на противникот.

Тимови од неколку земји се натпреваруваа и во влечење јаже, вклучувајќи ја и бразилската репрезентација.

Програмата вклучуваше и дисциплини што ја тестираат силата, како и традиционалното соколарство длабоко вкоренето во номадската култура. Некои учесници се натпреваруваа во лов со златни орли, додека други ја мереа својата сила во дисциплината кршење говедски коски.

Светските номадски игри се културен и спортски фестивал посветен на традиционалните номадски спортови, особено оние карактеристични за турските народи од Централна Азија. Тие беа основани во 2014 година, а следното издание ќе се одржи во рускиот град Казан во 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплава на проектот на Барселона од 1,5 милијади евра, сцените се апокалиптични (ВИДЕО)

Барселона ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите со убедлива победа од 5:1 против Феенорд, но необичните сцени на Камп Ноу привлекоа големо внимание и надвор од теренот. 

Поплава на проектот на Барселона од 1,5 милијади евра, сцените се апокалиптични (ВИДЕО)

Силен дожд ја погоди Барселона за време на натпреварот, а водата почна да се пробива во просторијата за новинари. Прес-трибината стана неупотреблива на некои места.

Видеото го објави холандскиот новинар Микос Гука, кој известува за Феенорд за „Алгемин Дагблад“. На него може да се види како водата се истура врз седиштата и масите на новинарите, додека претставниците на медиумите се обидуваат да ги заштитат компјутерите и другата опрема. Особено е интересно што сè се случи на стадионот, чија огромна реконструкција е еден од најскапите инфраструктурни проекти во историјата на фудбалот.

Проектот е вреден 1,45 милијарди евра

Во 2023 година, Барселона обезбеди финансирање до 1,45 милијарди евра за проектот „Еспаи Барса“, чиј централен дел е целосната реконструкција на Камп Ноу. Клубот ги обезбеди парите со помош на 20 инвеститори, а отплатата беше распределена во неколку транши во период од пет до 24 години.

Барселона тврди дека стадионот не е хипотекарен и дека долгот ќе се отплаќа со приходите што треба да ги генерира реновираниот Камп Ноу. Клубот проценува дека новата содржина треба да донесе околу 247 милиони евра дополнителен приход годишно.

Првичниот план на проектот предвидуваше до 900 милиони евра само за реновирање на Камп Ноу, додека остатокот од инвестицијата вклучува нова Палау Блауграна, уредување на околниот кампус и други објекти. Конечното финансирање на целиот проект Еспаи Барса порасна на 1,45 милијарди евра.

Новинарите не беа единствените што имаа проблеми

Токму затоа протечените снимки предизвикаа бројни реакции. Камп Ноу, сепак, сè уште не е целосно завршен. Барселона се врати на стадионот додека работите се уште се во тек, а конечниот капацитет треба да биде околу 105 илјади гледачи. Во моментов, се користи само дел од стадионот, а последните фази од реконструкцијата вклучуваат завршување на покривот и бројни внатрешни простори. Силен дожд ги погоди и трибините, па многу навивачи се обидоа да се сокријат од водата. Тревникот беше екстремно влажен, но натпреварот не беше прекинат. На теренот, за разлика од ситуацијата на трибините, Барселона направи сè без поголеми проблеми. Го победија Феенорд со 5:1, со два гола на Рафиња и голови на Карим Адејеми, Ламине Јамал и Габриел Жесус. Сем Стејн постигна гол за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер