СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“
2СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ФудбалМухаремовиќ го шокира Челзи и ги воодушеви муслиманите (ВИДЕО)Тарик Мухаремовиќ (23), стопер на Лидс и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, го постигна водечкиот гол за Лидс против Челзи во третото коло од Лига купот, но неговиот потег по голот привлече посебно внимание. Натпреварот на Стемфорд Бриџ, во кој го постигна првиот од вкупно девет гола, заврши со пораз од 6:3 за неговиот тим. Гол и прослава што одекна Мухаремовиќ му донесе водство на Лидс во 23-тата минута. Неговиот гол од 1-0 против Челзи ја продолжи низата добри настапи откако дојде од Сасуоло за 37 милиони евра ова лето. Откако го постигна голот, тој клекна на тревникот и изврши сеџда, муслиманска молитва. Потегот веднаш беше забележан и споделен од страницата „Faithfull Ballers“, посветена на муслиманските фудбалери. Заедно со видеото и знамето на Босна и Херцеговина, тие ја објавија пораката: „Тарик Мухаремовиќ постигна гол против Челзи во EFL Купот и го прослави голот со тоа што се поклони. Алахума Баарик“. 🇧🇦 Tarik Muharemović scores against Chelsea in the EFL Cup and celebrates with sujood. 🤲🏽 Allahumma Baarik 🤍 https://t.co/LHUAGaGy2B — Faithfull Ballers (@FaithfullBaller) September 9, 2026 Мухаремовиќ изврши сеџда. Што е тоа? Саџдата е врв на муслиманската молитва (намаз) и означува положба во која верникот паѓа сеџда на земја, допирајќи ја земјата со челото, носот, дланките, колената и стапалата. Овој чин симболизира целосна понизност, покорност и благодарност кон Бога (Алах). Во контекст на спортот, кога муслиманските спортисти постигнуваат гол или постигнуваат голем успех, паѓањето на земја и сеџдата е израз на длабока благодарност кон Бога за постигнатиот успех. Ова стана препознатливо во спортскиот свет преку прославите на многу познати фудбалери, како што е Мохамед Салах. Тежок пораз и покрај водството од 2:0 Иако Лидс го зголеми водството на 2:0 во 48-та минута преку Аронсон, домашниот тим направи пресврт. Челзи постигна дури шест гола до крајот на натпреварот и победи со конечен резултат од 6:3. За Мухаремовиќ, голот беше лично задоволство и потврда за неговата добра форма и покрај елиминацијата на неговиот тим од натпреварувањето.Тагови: Челзи муслиманите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСмени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од МакедонијаСе отвора ли нов скандал во Србија по веста објавена во српските мкедиуми за смени и притисоци врз полицајците кои на почетокот од годинава во близина на Крушевац открија рекордна пратка од пет тони марихуана шверцувана од Македонија?Летово српското обвинителство поднесе обвние протиув шест лица повзрани со случајот. Кај нас досега со истрагатакоја се уште трае опфатени се десеттина лица. Од ОЈО ГОКК за Канал 5 велат дека последните случувања во Србија немаат влијание за проширување на истрагата.. „По предметот за организираниот транспорт на пет тони марихуана од Македонија во Србија се преземаат истражни дејствија. Се очекува наскоро да биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.“, велат од ОЈО ГОКК. Претходно на 17 авггуст годинава, Обвинителството соопшти дека истрага е проширена за уште седум лица, со што во постапката беа опфатени вкупно тринаесет осомничени. Двајца од нив веќе ја признаа вината и врз основа на спогодби со Обвинителството, на 10 август беа осудени на три години и шест месеци, односно три години и осум месеци затвор. Постапката продолжува за преостанатите единаесет осомничени, меѓу кои е и Предраг Брковиќ, сосопственик на скопската компанија „Алфафарм“, кој според Обвинителството учествувал во организирањето на транспортот на дрогата. Во однос на случајот со притисоци врз српски полицајци поврзани со запленетата марихуана, истражувачкиот портал „КРИК“ објавува дека 15 раководители на Службата за борба против дрога биле сменети од функциите и прераспределени на други работни места по рекордната заплена на дрогата. Тринаесет полицајци во писмо до српскиот премиер Ѓуро Мацут испратено вчера тврдат дека веднаш по акцијата започнале смени и притисоци врз нив и нивните семејства. Побарале средба со премиерот, но според порталот, до објавувањето на истражувањето не добиле одговор. Инаку, шверцот на дрогата беше откриена на 29 јануари годинава во Коњух кај Крушевац, на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија. Тогаш српските полицајци пронашче документација од македонската компанија „Алфафарм“, по што сознанијата им биле доставени на македонските истражни органи. На почетокот на февруари следуваше голема полициска акција во Македонија, во која од повеќе компании беа запленети над 40 тони марихуана и биомаса. Според досегашните наоди на Обвинителство, криминалната група во најмалку пет наврати транспортирала големи количини на марихуана преку граничниот премин Табановце, прикриена во камиони со друга декларирана стока. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“Александар Николовски најави 50.000 нови „економски работници“ годишно.Мицкоски ја дуплираше бројката, рече над 100.000, па дури направи им кажа на граѓаните или многудетни семејства или мигранти, односно „економски работници“. Два дена по најавата на Николовски и еден ден по најавата на Мицкоски гледаме одлука на Уставниот суд со која се отфрла иницијативата на СДСМ за неуставната Резолуција со која и се забранува на опозицијата да говори за мигранти, односно за „економски работници“. После контролирано правосудство, телефонски обвинители, судии во судски совет под контрола на Мицкоски, насоки од Собраниска говорница и од телевизија како да работат. Дали е потребно дополнително објаснување? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна Лотарија“Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во Лотарија.Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во лотарија од 2017 до 2024 година, за време на денешното рочиште за милионски злоупотреби во Државна лотарија. Според Ајданов, разговори за набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија имало и уште пред Перпарим Бајрами да биде директор на ова друштво, но рече и дека како што памети, таква одлука на управниот одбор сепак не била донесена. -Колку што мене ми е познато, Управниот одбор не донесе никаква одлука за оваа набавка. Дека ВЛТ апарати треба да се набават, во претпријатието се зборуваше и пред Перпарим да биде директор, но неговата претходничка сепак изразуваше резерва по тоа прашање,- - сведок Христа Ајданов. Одбраната на првообвинетиот пак, Перпарим Бајрами, тврди дека сведокот изразил сомнеж за набавката на ВЛТ апарати, не бил дециден дека управниот одбор нема донесено таква одлука, но потенцира и дека на крај, независно од неговото сведочење, управниот одбор донел одлуки за јавни набавки на ВЛТ апарати. -Сведокот и рече дека не е сигурен и не се сеќава дека таква одлука и матријали за таква одлука биле доставени и донесени. Тоа што тој не се сеќава е една работа. Но, сите тие се потврдени со оние одлуки кои тие ги донеле при донесувањето на финансиските планови. Исто така, планот за јавни набавки е нешто што го донесува управниот одбор и исто така се донесени одлуки и во тој дел,- изјави Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот. Токму набавката на ВЛТ апаратите е предмет на обвинение во овој случај, каде покрај Бајрами, второобвинет е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна излезе од куќен притвор. Случајот со сомнителни набавки на ВЛТ апарати за државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра со испитување на сведоци на обвинителството ќе продолжи на 30 октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook