СДСМ: Нови 10 милиони евра за спортски ваучери за 2020 год, директна помош на спортските федерации, клубовите и спортистите

Правиот пат на државата кон европската иднина подразбира и квалитетен спорт, професионални спортски клубови и конкуретни спортисти на европските и светските натпревари.

Владата предводена од СДСМ продолжува со подобрување на условите во спортот преку мерката „Спортски ваучери".

Со оваа мерка, Владата и Агенцијата за млади и спорт ги стимулираат стопанските субјекти да го пронајдат својот интерес и да инвестираат во спортот.

За оваа 2020-та година ваучерскиот систем за поддршка на спортот предвидува нови 10 милиони евра, сума која ќе биде потрошена за директна помош на спортските федерации, клубовите и спортистите.

До скоро ние спортистите само можевме да сонувавме за сума од 10 милиони евра, денес тој сон го направивме стварност.

Годинава, 43 Национални спортски федерации, 454 Спортски клубови и 320 индивидуални спортисти ќе добијат финансиска поддршка, што е од огромно значење за нивниот професионален напредок, но и за мотивот да стигнат до европските и светските првенства.

Многу важно за нас е вредноста и перспективата на оваа мерка да ја препознаат сопствениците и менаџерите на приватните компании и да ни се приклучат во финансирањето на спортот.

Со ваучерскиот систем на приватните компании им се овозможува 50 отсто од данокот на добивка да го инвестираат директно во спортот. Тоа значи зајакнување на финансиската моќ на спортските клубови кои ќе станат атрактивни партнери на компаниите. А самите компании ќе имаат сопствена промоција и ќе покажат висока општествена одговорност.

Компаниите, наместо дел од данокот на добивка да го платат на државата, ќе имаат можност да го вложат директно во спортски клуб или спортист.

Мерката покажа одлични резултати. Имаме и многу примери кога со овие пари спасивме федерации и клубови од пропаѓање, а голем број спортисти ги вративме на терените.

Нашата грижа и нашата посветеност кон спортот нема да завршат тука. Новата Влада предводена од СДСМ и по изборите ќе продолжи да го финансира спортот.

Наумче Мојсовски, претседател на комисијата за спорт на СДСМ

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер