СДСМ: Ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие предметите на СЈО за нивнитее функционери и тоа што ДКСК отвори предмети за Хидро Мицкоски

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку рециклирани и преповторени лажни вести да ја покрива веста на денот.

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку рециклирани и преповторени лажни вести да ја покрива веста на денот, дека Државната комисија за спречување на корупцијата отвори два предмети против Христијан Хидро Мицкоски за основани сомненија за судир на интереси.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол за криминал и корупција против чиишто функционери се водат бројни предмети од страна на СЈО и надлежните правосудни органи, а почесниот претседател Никола Груевски е осуден со правосилна судска пресуда.

ВМРО-ДПМНЕ и институционално се потврдени како симбол на непотизам, роднинските и партиските вработувања.

Граѓаните на Струмица тоа добро го знаат. Исто како што знаат дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ како централна власт не само што не вложи денар во Струмица, туку и свесно и намерно ја опструира работата на локалната власт, а компаниите беа под постојан притисок, уцени, закани и казни.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири лажни вести да научи дека сите парцели од индустриската зона кај Сачево се продадени. Парцелите со вкупна површина од 396 илјади метри квадратни, ги купија 16, домашни и странски компании кои градат свои производствени погони.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со економскиот успех и затоа постојано има потреба да шири лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека за 20 месеци без ниту еден денар потрошен за реклами и скапи кампањи во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании, а 2018 година е година на рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.

Наместо да шири стари, веќе демантирани лаги, ВМРО-ДПМНЕ нека учи економија и нека се спрема за пораз во недела.

Анчелоти: Ова беше мојата најдобра сезона како тренер

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде оценка за сезоната која е во завршница.

Реал Мадрид синоќа во натпревар од 37. коло на Шпанското фудбалско првенство го победи Алавес со 5:0.

- Тимот има многу таленти, многу млади луѓе и многу квалитетен тим. Овој клуб може да одбележи ера во иднина со оглед на вредноста на младите играчи кои ги имаме во моментов. Ова беше мојата најдобра сезона како тренер. Тимот се претстави фантастично во Ла Лига, достојно и без никаков сомнеж ја освоивме титулата. Сите чекаа наш пад, но до тоа не дојде. Среќни сме и на седмо небо. Но, треба да продолжиме бидејќи сè уште не сме го одиграле најважниот натпревар, изјави Анчелоти за официјалниот сајт на клубот.

Реал Мадрид ја освои деветтата победа во низа во Ла Лига.

Тимот предводен од Карло Анчелоти, кој одамна ја обезбеди шампионската титула е лидер во поредокот со 93 освоени бодови.

Алавес е на 11. место со 42 бода.

Балетот „Заспаната убавица“ на фестивалот „Мајски оперски вечери“

На 52. „Мајски оперски вечери“ вечер од 20 часот на програмата е класичниот балет „Заспаната убавица“ на музика од Петар Илич Чајковски.

Диригент на претставата е Најер Нагуи - главен диригент на оркестарот на Операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко од Украина, асистент-кореограф - неговата сонародничка Тетјана Белецка, а сценограф и костимограф на балетот е Миодраг Табачки од Србија.

Во главните улоги ќе настапат Марта Петкова и Никола Хаџитанев од Софиската опера и балет кои се добитници на голем број престижни награди и признанија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

-Повеќе од 100 години оваа класична балетска бајка за вечната борба помеѓу доброто и злото ја одушевува публиката на најголемите светски сцени. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер, соопшти Националната опера и балет.

Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел

Американскиот Стејт департмент го информирал Конгресот за пакет помош оружје за Израел во вредност од милијарда долари, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори.

Според нив, пакетот ќе вклучува тенкови, минофрлачи и оклопни тактички возила. Претседавачите и водечките членови на Комитетот за надворешни односи на Сенатот и Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД се оние кои ги разгледуваат главните договори за оружје со други земји.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека ја одложил испораката на бомби до Израел поради стравувањата дека тие би можеле да бидат употребени во голема офанзива против градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Бајден го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува офанзива врз Рафа без да ја гарантира безбедноста на цивилите.

притисни ентер