СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“ - Канал 5

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. 

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници“, соопшти денеска членката на Извршниот одбор на СДСМ Симона Цветановски на прес-конференција.

Според договорот што го објавија британски медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување. Мора да им се плаќа без разлика дали има или нема работа.

Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите.

Не, тоа не се мигранти, ова се „економски работници“.

Токму затоа и го сменија Законот за странци. Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има „стратешки парнер“ секако.

Значи сѐ е подготвено.

Резолуција во Собрание против слободата на говорот, Закон за странци, доаѓаат „економски работници“

Може да ги нарекуваме „економски работници“ сѐ додека Мицкоски не им додели пасоши, а потоа – ќе станат рамноправни граѓани на Македонија, со сите права што следуваат.

Договор си е договор.

Засега, во буџетот „недостига“ само една милијарда евра.

Само ДПМНЕ не се грижи за ништо. За граѓаните нема пари, но има доволно пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот пат

Министерот Агон Ферати денеска ја прими германската амбасадорка во Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер.

Ферати – Дрекслер: Дијалогот меѓу заедниците и зајакнувањето на младите, столбови на европскиот пат

На средбата беа разгледани заедничките приоритети за унапредување на процесите што поттикнуваат инклузивност, еднакви можности, меѓусебна доверба и изградба на поинклузивно и поодржливо општество. Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформите и политичката посветеност како клучни фактори на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија.

Министерот ја информираше амбасадорката за годишната програма на Министерството за односи меѓу заедниците и за планираните активности кои имаат цел директно да придонесат за зајакнување на општествената кохезија, промовирање на дијалогот и јакнење на довербата меѓу етничките заедници. Во таа насока беше нагласена потребата од продолжување на заедничките институционални напори за создавање стабилна клима на соработка и меѓусебно разбирање.

На средбата се разговараше и за идните проекти и можностите за реализација на нови иницијативи од заеднички интерес. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во консултативните процеси при изработката на стратегиите, како и при спроведувањето на различните активности на Министерството, со цел нивниот глас и перспектива да бидат составен дел од идните политики и проекти што придонесуваат за развојот на општеството и приближувањето кон Европската Унија.

Прес служба на кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме

Македонија не се соочува со енеретски удар заради низок водостој на акумулациите како во делови од Европа, напротив земјава е енергетски безбедна, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме

Владата вели тој не размислува на покачување туку на намалување на цената на струјата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи

Ова е тогашната слика од скопските села  Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново кои беа најпогодени од катастрофалните поплави кои се случија на Скопската котлина на денешен ден пред 10 години.

Десет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи

Невреме кое однесе 22 животи, a како потсетник за страотната елементарна непогода, на веб сајтот на исчезнати лица на МВР – се уште стои сликата на Фејзула Елиф, едногодишно бебе кое исчезна во поплавата и оттогаш се губи нејзината трага. Незапаметеното невреме остави и десетици семејства без покрив над главата а настанатата материјална штета беше проценета над 30 милиони евра.

-Огромното количество на вода кое наврнало врз Скопската котлина се оценува како главен фактор во катастрофалната поплава, сепак инфраструктурните пропусти како и нерегулираната сеча на Скопска Црна Гора во голем дел придонеле тоа количество на вода да се слее во населените места. 10 години од поплавите, дали грешките се исправени кои ќе превенираат таква катастрофа да се случи во иднина?

Од општина Гази Баба како најпогодена во поплавите, велат дека во изминативе 10 години работеле на проекти кои го подобриле системот за заштита од поплави и намалување на ризиците од идни елементарни непогоди. Сепак, камерата на Канал 5 забележа голи падини и обраснати одводни канали полни со отпад во едно од тогаш најоштетените места – селото Стајковци.

-Меѓу најзначајните реализирани активности се: изградба и целосна реконструкција на одводниот канал на улица „Антон Велковски“ во Стајковци; Изградба и целосна реконструкција на одводниот канал во Сингелиќ; Редовно чистење на природните брани и водотеци на падините на Скопска Црна Гора, со цел непречено одведување на атмосферските води и превенција од поплави.- Општина Гази Баба

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека после поплавата, капацитетите за справување со вакви елементарни непогоди значително се подобриле.

-ДЗС после 10 години од поплавата ги зајакна своите капацитети. Извршени се безброј обуки на тимовите за спасување на вода, материјално-техничките ресурси на Дирекцијата се десеткратно подобрени. Во моментов, ДЗС располага со преку 500-тина пумпи, со бебзрој вреќи и бариери. Можеме да кажеме дека од денешен поглед, ДЗС е спремна за слични несреќи. - Димче Митевски, раководител на сектор за оператива и логистика при ДЗС

Од општина Гази Баба соопштуваат дека утре во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе се оддржи комеморативен настан преку кој ќе се оддаде почит на жртвите, и како што велат, ќе се потсети на важноста од континуираното вложување во превенција и заштита од природни непогоди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер