Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации
2Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуации
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Мојсов одржа предавање на МАНУ на тема „GLP-1: од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина
МакедонијаСДСМ: Намерна изолација на Мицкоски и српско-руска агенда - Македонија е изоставена од патоказите кон ЕУБрисел спрема акциони планови за земјите најблиску до членство: Црна Гора, Украина, Молдавија, Албанија. Јасен пат. Рокови. Обврски и за членките.Македонија е изоставена. Заедно со Србија, Косово и Босна. Како земји што не мрднале. Ние први почнавме. Ние се уште чекаме. Чекаме затоа што арамијата не ги исполни реформите. Доби рок. Го продолжи за една година. Вети 1 јуни. Од тогаш ни глас. Судство на телефон. Обвинител на далечинско. Полицијата партиска. Извештајот на ЕК катастрофален. Патоказот не се дава на банда. Се дава на институција. Кому ова му одговара? Само на Вучиќ и на Русија. Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ. Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски. Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва. Иако сме членка на НАТО. Иако над 80 отсто од луѓето се за НАТО. Голема поддршка би била и ЕУ: заедничка политика, заеднички став кон Русија. Токму тоа го кочат. Мицкоски е руски прокси играч. Сателитите ја имаат истата задача. Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Америка. Трите сили се споија. Цел: земјата да стои во место. Од друга страна Америка како „стратешки партнер“ - слики по ходници, не дела. Кинески пари. Орбанови кредити. Промоција на Кина и проекти преку Стоилковиќ и други играчи на БИА. СДСМ го кажува просто. Изолацијата не падна од небо. Ја работи кабинетот. Кој ги запира реформите, ја запира Европа. Кој ја запира Европа, ја предава земјата за туѓа агенда. Македонија не е депонија. Не е тампон. Македонија е татковина. Патоказот ќе дојде кога бандата ќе си оди. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. До крајот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот, спречување на кражби и справување со кризни ситуацииа подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби.Денеска (28.09.2026) во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци беше реализирана показна вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, односно симулација на пожар, во рамки на која полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со екипи од Територијалната противпожарна единица, ОО на Црвен Крст и Итна медицинска помош Кавадарци, ги презентираа мерките за заштита и спасување и начинот на постапување на службите на терен при евентуално настанат пожар. Целта е учениците да се запознаат со начините и протоколите за однесување во кризни ситуации, односно начинот на евакуација и брза интервенција при пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање во претпоставена ситуација. Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес реализираа превентивна активност „Вози технички исправно возило“, со цел подигање на степенот на сообраќајна култура, при што на возачите им беше нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. На подрачје на општина Чашка пак, денеска беше реализирана превентивна активност за заштита од кражби, со цел да им се појаснат на граѓаните начините како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Полициски службеници од полициските станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, Свети Николе и Кочани во основни општински училишта на нивно подрачје реализираа едукативни предавања на учениците со цел запознавање со основните правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама над Балтикот: НАТО шест пати крена борбени авиониСите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.Борбени авиони кои учествуваат во мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји беа кренати во воздух шест пати минатата недела за да идентификуваат и да спроведат руски воени авиони кои ги прекршиле правилата за летање, соопшти денеска Министерството за одбрана на Литванија. Министерството наведе дека на 21 септември, ловци на НАТО полетале за да пресретнат руски извидувачки авион „Ил-20“, објави Литванското национално радио и телевизија. Истиот ден, ловците патролирале и во воздушниот простор во близина на летонско-белоруската граница, а на 22 септември биле кренати во воздух за да идентификуваат два авиона „Су-30“. Еден ден подоцна, ловците пресретнале три авиона „МиГ-31“, еден патнички авион „Ту-134“, еден повеќенаменски ловец „Су-30СМ“ и три авиона „Су-30М2“. Авионите на НАТО исто така идентификувале еден „Су-35“, два „Су-30М2“ и руски извидувачки авион „Ил-20“. Беше соопштено дека на 26 септември ловците пресретнале бомбардер „Су-24“. Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери. Мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји се спроведува од воздухопловни бази во Литванија и Естонија. Извор: Б92Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook