СДСМ: Мизрахи исполнува нарачки на Груевски и Мицкоски кои се против ЕУ и НАТО

​Граѓаните на дело го гледаат враќањето назад за кое со години зборува извршителот на Никола Груевски и заштитник на неговиот криминал, Христијан Мицкоски.

Тоа е враќање назад во време на режим, на изолација, на кавги со соседите, време на неизвесност, на вета, на блокади и бесперспективност, далеку од ЕУ и НАТО.

Послушничката на Христијан Мицкоски и кадар на Никола Груевски, министерката во преодната Влада, Рашела Мизрахи, го прекрши Уставот и Договорот од Преспа.

Мизрахи со таквиот потег освен што го прекршува Уставот и Договорот од Препса, директно го загрозува членството во НАТО и ЕУ но и односите со Грција, за што веќе има официјална вербална нота.

Мизрахи која ја извршува оваа функција врз основа на нејзината заклетва дека ќе го почитува Уставот и законите на Р.С. Македонија немаше проблем со уставното име кога стапи на фунција, но наводно има денес, кога го загрозува Договорот од Преспа, постапувајќи по насоките на Мицкоски и Груевски.

Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против соседите, против ЕУ и НАТО.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат ваквите погубни политики на Мизрахи, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, јавноста, демократските сили, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ја врати државата во темното минато, во изолација, криминал, надвор од ЕУ и НАТО.

На 12 април тие уште еднаш ќе потврдат дека нема назад! Интеграцијата во ЕУ и НАТО се вистинскиот, правиот пат и продолжуваме напред.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

Иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот, со кој се превезувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“.

Телевизијата не соопшти детали за инцидентот, само дека спасувачи се обидуваат да стигнат до хеликоптерот со кој се превезуваа Раиси и други функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Раиси патувал во иранската провинција Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Сафади: Јордан бара меѓународна истрага за можни воени злосторства во Газа

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади денеска соопшти дека неговата земја бара меѓународна истрага за наводните бројни воени злосторства извршени за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сафади, кој денеска во Аман се сретна со шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини, на заедничката прес-конференција рече дека одговорните за документираните злосторства треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Минатиот месец, Советот за човекови права на Обединетите нации усвои резолуција со која Израел се повикува на одговорност за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

За резолуцијата гласаа 28 земји, 13 беа воздржани, а шест гласаа против резолуцијата, вклучително и САД и Германија.

Резолуцијата ја нагласува „потребата да се обезбеди одговорност за сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за заштита на човековите права со цел да се стави крај на неказнивоста“. /МИА

притисни ентер