СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“ - Канал 5

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“.

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог.

Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ.

Сега, кога својата ВМРО-Орбан мрежа од 40 % од медиумите ја засили со „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ од Вучиќ, ќе го преземе најголемиот дел од медиумското небо во Македонија.

Целта им е да го убедат народот дека тие се елита.

Исто како елитата на СНС.

Надменоста и ароганцијата се одлики на оваа „елита“.

Нема одговори на прашања – има само навреди. Се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост.

Оваа криминална ВМРО-елита, по углед на елитата од криминалната организација на Вучиќ, Балканскиот картел, чии членови се луѓето од групата на Мицкоски, ги прави истите работи.

Елита што ќе ужива во луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.

Тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми. Дури и промоцијата им ја работи бугарска фирма.

Повеќе ниту се кријат.

За поголема минимална плата – ниту збор.

За мерки што ќе им помогнат на граѓаните поради скапотијата – ниту збор.

За законот за двојно државјанство на државните функционери – ниту збор.

За реформи – ниту збор.

Истата оваа криминална екипа дојде на власт со лаги и ветувања пласирани преку своите медиуми – исто како што ги учел менторот Вучиќ.

Ја изолираа земјата од Европа за да ограбуваат непречено. Знаат дека Европа носи независно судство и европско обвинителство.

Го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид, во земја што има меѓуетничка кохезија.

Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита“.

Ова е отворено презирање на сопствениот народ.

Кампања на поделби и омраза според најмрачните модели.

Граѓаните не се талог.

Граѓаните се сопственици на оваа држава.

А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата. На таа елита местото ѝ е во Шутка и во Идризово.

Ќе победи народот.

Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.

Еден побегна. Овие нема да побегнат.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер