СДСМ: Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда - Канал 5

СДСМ: Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил во последната година како власт во земјава. 

СДСМ: Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Единствена промена што ја направи Мицкоски во последната година дена како Влада и четири години како локална власт е да го промени кројачот. Од одела купени на пазар, почна да носи „Бриони“, „Зења“ и „Версаче“.

Промената е видлива и во неговата колекција часовници која последнава година ја зголеми вредноста од 80.000 евра за часовници, на неколку стотици илјади евра за часовници.

Промената која ја видоа граѓаните од една година власт на Мицкоски е економска нестабилност, намалување на животниот стандард, најмала плата во регионот, мизерни услови за живот.

Промената се виде и во судскиот систем. Селективна правда, дури и кога правда се бара за 63 млади луѓе кои загинаа во трагедија предизвикана од функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Да се сокрие секој партиски член по цена на животите на деца.

Промена се виде и во реториката. Мицкоски од човек кој многу зборува за некакви предавства, ги предаде сите негови ветувања, а Македонија ја направи најмизерна земја за живот во регионов.

Промени се видоа и во чартерите и автобусите, од оваа година за неколку пати повеќе млади заминуваат од Македонија.

Мицкоски, сметката ќе ти биде испорачана на следните избори.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог законот за соодветна и правична застапеност на седница на Собранието

Жестоки реплики и контра реплики на расправата за предлог законот за правична застапеност во Собранието.

Предлог законот за соодветна и правична застапеност на седница на Собранието

Опозицијата бара се повлече законското решение, власта и реплицира да не прават политички фолклор. Игор Манасиевски ја следи седницата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Делумно опожарени две дипломатски возила во сопственост на бугарската амбасада во Скопје.

Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Случајот бил пријавен и до МВР од каде велат дека полициски екипи го документирале настанот и работат на негово расчистување. Неофицијално се трага по непознатиот сторител, кој избегал од местото на настанот.

- Непознат сторител го полеал едното возило со запалива течност и го запалил. Меѓутоа од првото возило било зафатено и возилото кое било паркирано во непосредна близина на опожареното. И двете возила се со дипломатски регистарски таблички.

Опожарените возила за кратко време биле изгаснати од страна на скoпската против-пожарна бригада.

Настанот најсостро го осудија и од Влдата и од македонското МНР и го оценија како вандалскиот и недозволив чин.

- Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. Нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија, се наведува владиното соопштение.

Рекација и осуда прсистигна и од бугарското МНР. Според нив станувало збор чин на агресија и нов напад врз Бугарија и Бугарите и бараат навремено и праведно расчистување на случајот.

- Овој најнов напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите, наведуваат од бугарското МНР.

Во пожарот нема повредени лица и не се зафатени објекти во близна на бугасрската амбасада во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Безбедносен форум во Скопје - архитекти на стабилноста: безбедносен идентитет на Западен Балкан

Безбедносната криза по нападот на Русија врз Украина придонесе ЕУ да даде нов импулс на проширувањето – Украина ги отвори вратите преку кои Западен Балкан има можност да влезе.

Безбедносен форум во Скопје - архитекти на стабилноста: безбедносен идентитет на Западен Балкан

Безбедносната криза по нападот на Русија врз Украина придонесе ЕУ да даде нов импулс на проширувањето – Украина ги отвори вратите преку кои Западен Балкан има можност да влезе, посочи поранешниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот и премиерот на Романија – Јулијан Чифу, на денешниот Скопски Безбедносен форрум.

-Прилично сум сигурен дека директните преговори плус нивото на флексибилност и вклученост на ЕУ можат да и помогнат на Македонија низ ова, под услов Македонија да го исполни својот дел од договорот, видете ја Молдавија на пример или Црна Гора. Прилично сум сигурен дека поддршката од Комисијата ќе ја игра улогата дури и ако станува збор за Бугарија. Да ја видиме новата бугарска влада и нивните пристапи кон регионот и Македонија. - Јулијан Чифу.

Македонската армија е досега најголемиот регионален добитник на средства од Европскиот мировен фонд за зајакнување на нејзините воени капацитети, што е дел од пристапот на ЕУ кон регионот наречен стабилизација преку интеграција, посочија од Европската делегација на форумот.

Преку Мировниот фонд на ЕУ, ЕУ започна директно финансирање на зајакнувањето на воените капацитети. Армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и особено на Македонија имаат корист од таквата помош, за која оваа земја во регионот е главен корисник. Целта беше да се постигнат одредени стандарди и да се постигне подготвеност на армиите за распоредување заедно со земјите-членки во рамките на иницијативите што ги спроведува ЕУ. ЕУ ќе продолжи да соработува и да ги поддржува нашите партнери и сојузници како што е Македонија - сојузник на НАТО денес, а утре земја-членка на ЕУ. - Бен Нупнау, заменик шеф на ЕУ делегација во Македонија.

Македонија ќе остане целосно усогласена со стратешките цели на НАТО и ЕУ во Европа и подалеку а членството во ЕУ за државава значи еден од најсилните гаранции за долгорочна безбедност и стабилност изјави министерот за европски –прашања Беким Сали на Безбедносниот форум во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер